Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белен – Бегај: Дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот начин за решавање на проблемите

0
By Ана Василевска on March 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Александар Ван дер Белен, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај,
Александар Ван дер Белен, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај,
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет и посочи дека се свесни дека без договор не можат да бидат
дел од ЕУ.

Тој им честиташе на Белград и Приштина за постигнатиот договор во Охрид за нормализација на меѓусебните односи.

Ван дер Белен истакна дека верува оти тоа може да биде камен-темелник во процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Како што знаете, всушност беше направен еден вид договор, но без официјален потпис на учесниците. Сепак, ова е дефинитивно пристап во овој процес кој не треба да се потцени. Дијалогот меѓу овие земји е секако тежок, но и двете земји се свесни дека без договор од двете страни, нема да имаат иднина кон Европската унија, рече Белен“, пренесува АТА.

И Бегај рече дека „целосно се убедени дека дијалогот е единствениот начин за решавање на проблемите меѓу Република Косово и Република Србија“.

„За Албанија, Косово е од приоритетно значење, на вчерашната средба со премиерот Албин Курти разговаравме опширно за процесот на постигнатиот договор во Европската унија и за анексот на овој договор во Охрид. Договорот го поздравивме и повторувам дека несогласувањата се решаваат со дијалог. Во никој случај, под никакви околности, како претседател на Република Албанија, не би прифатил на Косово да има Република Српска, а колку што знам, не е поддржана ниту од САД, што е стратешки наш партнер. Важно е да се воспостави мир меѓу Косово и Србија, да се решат споровите за почитување на малцинствата и да се работи напорно за регионот да се интегрира во ЕУ и да има поголем просперитет за луѓето кои живеат во регионот“, подвлеч Бегај.

Албанија Александар ван дер Белен Договор Косово Србија ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.