Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиец открил македонска мрежа која организирано креирала лажни вести

0
By Нова ТВ on January 20, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, January 20, 2019 11:34

Белгискиот „ловец на лажни вести“, Мартен Схенк, успеал да разоткрие мрежа на македонски граѓани кои шират лажни вести, и не станува збор за тинејџери од Велес, јавува дописничката на МИА во Брисел.

Мартен Схенк и вебсајтот „Nieuwscheckers.nl“ со месеци веќе трагаат по македонските мрежи на лажни вести кои се прославија“ за време на претседателската кампања во САД.

Светските медиуми беа тогаш преплавени со стории за македонски тинејџери од Велес кои пишувале лажни вести фокусирани на напади врз кандидатката Хилари Клинтон и Демократската Партија. Но, никогаш не се откри кој, дали и на кој начин стои зад нив.

Но, според Схенк, велешката линија не е воопшто во центарот на оваа мрежа.

Според неговите истражувања, кои денеска се на првите страници на сите белгиски медиуми, централна фигура на овој бизнис е припадник на АРМ, Слаѓан „Цаго“ Бојковски од Куманово. Бојковски тврди дека не е повеќе вработен во Армијата, но Схенк не успеал тоа да го потврди и сѐ уште вели дека има сомнеж.

Истражувањата на Белгиецот откриваат дека мрежата на Бојковски со години веќе креира лажни и бомбастични содржини на интернет кои започнале со стории за мотори и голи гради, но тоа не им носело доволно пари, објаснува Схенк. Па, така, набргу, Бојковски и неговите соработници се свртиле кон стории против муслиманите и разни теории на заговор, за педофилија и, се разбира, во полза на Доналд Трамп. Со една лажна вест заработувале околу сто евра дневно.

Схенк разработил софтвер наречен „Trendolizer“, преку кој може да следи кои стории на интернет стануваат вирални. Ако утврди дека сторијата е лажна вест, тој преминува на проверка на факти на неговиот вебсајт „Leadstories“. Благодарение на софтверот Схенк потоа разгледува од кој сервер се објавени вестите и најчесто успева да открие чии се серверите. Така тој лани разоткрил мрежа на лажни вести од Гана.

Македонската мрежа била и семеен бизнис. Со Бојковски работела и неговата сопруга, Наташа, чија слика може да се најде на лажни профили на Твитер како оној на некоја „Moly Anderson“ како што покажуваат принт-скриновите на Схенк. Преку неговиот софтвер, Белгиецот успеал да најде десетици профили кои ги споделувале истите лажни вести на интернет во исто време. Имињата на лажните профили се најчесто американски имиња како Џесика, Ема, Моли, Џони и повеќето од нив се сега веќе суспендирани. Суспендирани се и вебсајтовите на кои се објавувале лажните вести, како тапаинфо.ком или твртинфо.ком. Фотографиите употребени на профилите биле најчесто од балкански ѕвезди како Станија Доброевиќ или Викторија Лоба.

Слаѓан Бојковски на Твитер го користел својот прекар „Цаго“, со локација во Чикаго, и објавувал „микс на лажни и автентични вести“ објаснува Схенк. Овој налог во меѓувреме е суспендиран од Твитер.

Со Бојковски соработувале и негови пријатели од Куманово како Тони и Мирјана Ристески, кои имале вебсајт наречен unisharenews.com, регистриран под името на Тони и чии линкови се објавувале на Фејсбук страници во поддршка на Доналд Трамп. Друг соработник на Бојковски, според истражувањето, бил Виктор Колевски, на чиј налог на Линкедин стои дека е полициски инспектор. Схенк стапил во контакт со кумановецот, кој му рекол дека повеќе не работи за полицијата.

Последен пат е објавена лажна сторија на 3 јануари 2019 од страна на Јony Smith, „познат двоец на Слаѓан Бојковски“, пишува Схенк. Смит постирал сторија од вебсајтот ludinfo24.com во Фејсбук групата „Judge Jeanine Pirro Fans“ која брои 53 илјади поддржувачи. Една минута подоцна, Ema Brown, го постира истиот линк во групата Deplorables for Trump и следнатта минута Lisa Sanders исто така го објавува во друга група, блиска до австралиска националистичка политичарка, Полин Хенсон. Ема Браун и Лиса Сандерс се исто така налози кои му припаѓаат на Бојковски, тврди Схенк. Ема има слика од пејачката Александра Пријовиќ, а Лиса ја користи Лоба на својата профилна.

Схенк истакнува дека најголем дел од овој бизнис е префрлен на Твитер, бидејќи мерките на Фејсбук за суспензија на лажни профили дава резултати.

Схенк успеал, меѓу другото, со својот софтвер да разоткрие 450 лажни женски Твитер налози кои се појавиле од ноември 2018. Меѓу нив, некои 90 носат име Џесика и успеале да соберат над 33 илјади следачи на социјалната мрежа. Твитер за сега суспендирал само десет од овие лажни налози, вели Схенк.

Белгиецот го исконтактирал Бојковски пред да го објави истражувањето. Кумановецот прво негирал, но потоа рекол дека „сите во Македонија секако тоа го прават“.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.