Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија не ја научи лекцијата од случајот Дитру

0
By on April 2, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 2, 2016 19:33

Се сеќавате ли на Марк Дитру? Белгискиот педофил кој во 1996 година киднапираше и силуваше повеќе девојчиња од кои четири, Мелиса, Жули, Ан и Ефје, беа убиени. Дитру беше осуден на доживотна робија, неговите соучесници исто така беа казнети.

Педофилската афера ја разбранува не само Белгија туку и светската јавност.

Полицијата со месеци ги бараше киднапираните девојчиња и за тоа време, како што подоцна беше утврдено, тие биле живи, затворени во визба и силувани. Но, белгиската полиција не успеа да ги најде живи и покрај јасни сигнали каде и како треба да ги бара.

devoir_1_-_isopix-459917На сликата: Прес конференција на родителите на Жули и Мелиса

Овој, веројатно најпознат, случај на педофилија, фрли силна светлина врз пропустите во белгиската истрага и лошото функционирање и финансирање на институциите.

Случајот доведе до реформа на белгиските институции, полицијата и жандармеријата беа фузионирани, а се родија и нови институции. Овој белгиски случај беше мотив за многу земји да почнат сериозно да ги бараат и гонат педофилите и да работат на превенција иако дотогаш таа тема беше речиси табу. Аферата доведе дури и до откривање на педофилијата во католичката црква.

Ако секој си ја вршеше работата на перфектен начин, работите поинаку ќе се одвиваа, изјави министерот за правда Кун Генс три дена по нападите со што всушност призна дека нападите можеле да се спречат.

2474073072– Ако секој си ја вршеше работата на перфектен начин, работите поинаку ќе се одвиваа, изјави министерот за правда Кун Генс три дена по нападите со што всушност призна дека нападите можеле да се спречат.

Бројот на пропустите ќе доведе до парламентарна анкетна комисија која треба да ја истражи политичката одговорност, слично како и во аферата Дитру. Тогашната анкетна комисија работеше деноноќно, нејзините состаноци беа директно пренесувани на телевизија а Белгијците ноќите ги минуваа пред екранот.

Како и во времето на случајот Дитру, и денес, по терористичките напади, секој ден носи нови изненадувања. Како и во времето на случајот Дитру, нити еден министер на најде за сходно да даде оставка. Да бидеме попрецизни, министрите за внатрешни работи и правда поднесоа оставки веднаш по нападите но премиерот тоа го одби.

Првото изненадување дојде од турскиот претседател Ердоган. Тој изјави дека Ибрахим Ел Бакрави, терористот кој се разнесе со експлозија во Брисел, бил уапсен на 15 јуни 2015 година во Турција, на 50 километри од Сирија. Турција го држела во затвор еден месец а потоа, на негово барање, бил испратен во Амстердам. Турција тврди дека и Брисел и Хаг биле на време информирани дека Ел Бакрави е опасен и можеби џихадист. Ни Белгија и Холандија не презеле ништо иако Ел Бакрави и е добро познат на белгиската полиција.

7782509780_les-freres-el-bakraoui-identifies-comme-kamikazes-des-attentats-de-bruxelles

Се откpи исто така дека Брахим Абдеслам, братот на терористот Салах од париските напади кој беше уапсен пред две недели во Брисел, бил затворен во Турција бидејќи тамошните власти се сомневале дека сакал да оди во Сирија. По враќањето во Белгија Брахим бил сослушан од полицијата но не бил ниту следен ниту уапсен. Досега нема одговор за ова неодговорно однесување на полицијата иако еден обвинител се обиде да објасни дека полицијата немала докази за поврзаност на Брахим со тероризам.

Вториот сериозен пропуст е лошата размена на информациите помеѓу безбедносните институции. Полицијата од градот Мехелен на север на Брисел, од декември ја имала адресата на Салах Абдеслам, но не ја пренела информацијата на федерално ниво и со тоа можеби пропуштила можност да го спречи нападот во Брисел. Доколку случајот не се расветли, сомнежот за секогаш ќе остане.

Случајот треба да го расчисти Комитетот П, независна институција која има задача да ги контролира разузнавачките служби и полицијата и која, патем, беше креирана токму по случајот Дитру.

media_xl_3789774 Комитет П, независно тело за контрола на полицијата

Според белгиската телевизија која имала можност да го види нацртот од извештајот што го подготвува Комитетот П, во него се подвлечени и други грешки во размената на информации. Така, пред париските напади, името на еден од терористите фигурирало во повеќе бази на податоци во Белгија но не и во централната база.

Во медиумите, белгиски и светски, се набројуваат грешките на белгиските институции, се редат анализи и интервјуа, нови откритија бидејќи луѓе од полицијата и судството, незадоволни од актуелната ситуација во нивната професија, го користат присуството на медиумите од целиот свет за да кажат што им лежи на душа и во надеж дека може да има подобро утре.

Така, Белгија дозна дека терористот од Париз Абделслам, кој е во затвор, бил испрашуван токму пред нападите во Брисел. Иако истрагата знаела дека се работи за цела терористичка ќелија околу затвореникот, во текот на две сослушувања не му било поставено ниту едно прашање за можни нови планови за напади, довери неговиот адвокат.

И тоа не е се. Нападот на аеродромот се случи во 7.58 часот на 22 март. Познато е дека терористите не се задоволуваат со еден напад, па белгиските власти веднаш се посомневале дека се можни серија напади и во градскиот транспорт. Министерот за внатрешни тврди дека веднаш било испратено барање до СТИБ, претпријатието на јавен транспорт со барање метрото да биде веднаш затворено и евакуирано. Но СТИБ тврди дека такво барање тие не добиле. Експлозијата во метрото одекна во 9.11 часот.

Во медиумите, белгиски и светски, се набројуваат грешките на белгиските институции, се редат анализи и интервјуа, нови откритија бидејќи луѓе од полицијата и судството, незадоволни од актуелната ситуација во нивната професија, го користат присуството на медиумите од целиот свет за да кажат што им лежи на душа и во надеж дека може да има подобро утре.

Сепак, трагедијата забрза некои одлуки кои одамна се дебатираат. Така, полицијата отсега ќе може да врши претрес и во текот на ноќта, што досега не беше случај, а телефонските припејд карти нема да можат да се купуваат анонимно. Беа проширени специјалните мерки за истрага особено во шверцот на оружје, беше креирана заедничка база на податоци за тероризмот.

Списокот на тешки пропусти е долг и нема да ги наведуваме сите. Но, јасно е дека најголемиот број од политичарите во оваа белгиска федерација која тежнее да стане конфедерација, составена од две заедници (фламанска и франкофонска), се трудат да ги редуцираат основните функции на државата во судството, полицијата или разузнавањето и тоа остава недогледиви последици во координацијата помеѓу институциите и протокот на информации.

1063642154_B975425027Z.1_20150430075310_000_GMT4DUC10.1-0Коментарот на Беатрис Делво, уредник во белгискиот дневник Ле Суар покажува дека малото европско кралство се срами од своите очигледни маани. Таа напиша:

“Лошата координација, одбивањето – дури и мрзата – да се работи заедно, префрлањето на грешката кон друго ниво на власта, елементи кои се веќе неподносливи кога се работи за мобилност, култура и вработувањето на младите во Брисел, станува вистински срам сега кога сите ние се прашуваме дали овој “банкрот” на организацијата на државата играл голема улога во смртта на 35 луѓе кои се уште не се погребани и повредите на стотиците луѓе дојдени од 40 држави”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.