Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгиската опозиција го напушти парламентот

0
By Светлана Јовановска on December 5, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 5, 2014 12:54

Белгиската опозиција вчера гo напушти состанокот на парламентот и одби да и поставува прашања на владата во знак на протест поради тоа што не им било дозволено да му постават деликатни прашања на министерот за внатрешни работи.

Групите на социјалистите, еколозите и дел од либералите и демо-христијаните кои се во опозиција одлучија да го напуштат парламентот. Причината за овој, за Белгија невообичаен потег, е скандалот кој вчера избува во ова европско кралство кои од октомври има нова влада составена од франкофонските либерали и уште три партии од холандофонската Фландрија помеѓу кои најголем број гласови (во Фландрија) освои десната националистичка партија НВА.

Според белгискиот печат, министерот за внатрешни работи Јан Јамбон излажал кога рекол дека нема никакви врски со екстремната десница.

Со доаѓањето на новата влада на чело на Белгија во јавноста излегоа информации дека двајца од министрите, за внатрешни работи и за имиграција, имаат тесни врски со екстремната десница. Беа објавен нивни изјави во кои тие двајца покажуваат разбирање на соработката на Фламанците со фашистите во текот на Втората светска војна и забележани се и изјави кои имаат расистички тон.

Јамбон бил сликан на една конференција заедно со Жан-Мари Ле Пен, претседател на екстремно десниот француски Национален фронт. Според првите изјави на Јамбон, станива збор за конференција органзирана од националистичката десница на Фландрија на која, според Јамбон, тој учествувал само како набљудувач.

Но, според медиумите, Јамбон заборавил да прецизира дека бил ко-претседател на овој екстремно десен клуб.

Откако Јамбон одби да одговара на прашањата на опозицијата, таа побара прекин на седницата и итно свикување на конференцијата на претседателите на политичките групи. Но мнознинството во парламентот го одби ова барање.

Според опозицијата ова однесување е тежок удар врз демократијата.
Членови на опозицијата изјавија дека во владата седат луѓе кои имаат врски со екстремната десница. Премиерот Шарл Мишел (либерал) луто реагираше пред новинарите велејќи дека “социјалистичката партија е обидува да оркестрира дестабилизација” и ја осуди “диктататурата на малцинството” во парламентот. Тој рече социјалистите не покажуваат почит кон институциите и се однесуваат “хистерично”.

Ова е веќе втор инцидент во парламентот од доаѓањето на новата влада на власт поради министрите за кои се докажува дека имаат врски со екстремната десница.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.