Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белград: Апсења за убиството на новинарот Чурувија

0
By Нова ТВ on January 14, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Белград се уапсени Ратко Ромиќ и Милан Радоњиќ, двајца од групата осомничени за убиството на познатиот српски новинар и сопственик, на весниците Дневни Телеграф и Европљанин, Славко Чурувија во 1999 година, oбјавија српските медиуми.

Славко Чурувија беше убиен во времето на бомбардирањето на Србија на 11-ти април 1999 година, во влезот од зградата во којашто живеел.

Во 17 часот во Белград е закажана вонредна прес-конференција на којашто ќе зборува првиот вицепремиер Александар Вучиќ, придружуван од министерот за правосудство Никола Селаковиќ и специјалниот обвинител за организиран криминал Миљко Радисављевиќ, како и претседателот на Комисијата за истрага за убиството, новинарот Веран Матиќ.

„Знам дека ќе бидат уапсен. Во Белград сум, мирен сум и сталожен, може да ме уапсат. Ќе се бранам со вистината, бидејќи не учествував во тоа и тоа ќе го докажам”, изјави претходно Ратко Ромиќ за изданието на дневниот весник Политика, откако претходно повеќе белградски медиуми шпекулираа дека ќе биде уапсен како соучесник во убиството на новинарот Чурувија.

Апсењата следуваат по повеќегодишната истрага кој би можела да резултира со обвинение против најмалку четири личности, а се истражува и вмешаноста на вдовицата на поранешниот претседател на Србија Слободан Милошевиќ Мира Марковиќ, чие име се споменува како налогодавец за убиството на Чурувија.

Истрагата за неговото убиство никогаш не е доведена до крај, а повеќегодишните инсистирања на новинарските здруженија, невладиниот сектор и организациите за човекови права да се откријат убијците и нарачателите останаа без резултат, освен што како јавна тајна беше споменувано дека во убиството е вмешана тајната полиција, односно тогашната Служба за државна безбедност.

Како инспиратор и нарачател на убиството се споменуваше Мира Марковиќ, тогашна челничка на партијата Југословенска левица (ЈУЛ), којашто со Социјалистката партија на Србија (СПС) на нејзиниот сопруг Слободан Милошевиќ, ја сочинуваше тогашната власт.

За речиси петнаесет години, колку што се изминати од убиството, сослушани беа стотици сведоци, но и натаму е непознато кој наредил 27 агенти на СДБ постојано да го следат Чурувија во акцијата под кодното име „Мисир” (Чуран) и во него, пред неговата невенчана сопруга Бранка Прпа, попладнето на 11-ти април, тогаш Велигден , да испука 12 куршуми.

Првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ неодамна изјави дека „зад убиството на Славко Чурувија стои државата” и дека „наредбодавците се живи”, ветувајќи се дека наскоро ќе биде обелоденета вистината, и дека доколку не биде така, тој самиот ќе поднесе оставка. Во времето на убиството на Чурувија, Вучиќ како челник на Српската радикална партија (СРС) на хашкиот притвореник Воислав Шешељ, беше министер за информирање во коалициската влада на социјалистите на Милошевиќ и ЈУЛ на Мира Марковиќ.

Премиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, по повод медиумските најави за апсења во случајот Чурувија изјави дека „сé е во рацете на надлежните државни органи”, како дека „очигледно е дека се откриени нови информации коишто овозможуваат истрагата да биде завршена, да се подигнат одредени обвиненија и да се санкционираат оние коишто се виновни за тоа”.

Според белградските медиуми, продолжувањето на истрагата подразбира и собирање докази за тоа дали некогашниот шев на СДБ, Раде Марковиќ го наредил убиството на Славко Чурувија поп налог на Мира Марковиќ. Според досегашните сознанија, Радомир Марковиќ, и високите функционери на службата, Милан Радоњиќ, Ратко Ромиќ и егзекуторот Мирослав Курак ќе бидат обвинети за убиството на Славко Чурувија.

Според тврдењето на белградскиот дневен весник Блиц од вторникот, обвинението на Специјалното обвинителство за организиран криминал за убиството на Чурувија „веќе е напишано и следните денови ќе биде обелоденето”. Раде Марковиќ, како тогашен шеф СДБ, се товари дека го наредил убиството на сопственикот на Дневни Телеграф. Радоњиќ, пак, наводно како началник ан Центарот на СДБ го организирал злосторството, додека обвинителството, според весникот, утврдило дека Ромиќ, во тоа време оперативец на Втората управа на белградскиот центар, бил соучесник во убиството. Како убиец на Чурувија обвинителството го утврдило Курак, припадник на специјалната служба за обезбедување во СДБ.

Марковиќ е во затвор поради други кривични дела, а освен Курак, кој во бегство и за него е распишана потерница на Интерпол, сите други се во земјата

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.