Парадата на гордоста оваа година би требало да се одржи на 28. септември во Беград, без обзир на тоа каква е безбедносната проценка, порачаа денеска членовите на Организациониот одбор на овогодишната Недела на гордоста, пренесува агенцијата Анадолија.
Горан Милетиќ, член на Организациониот одбор, рече дека проценка на безбедноста е направена минатата недела и дека најважните сознанија, кои ги добиле преку медиумите се дека оценката е позитивна.
„Но дури и да не е тоа не би требало да биде причина за неодржување на Парада на гордоста“, изјави Милетиќ пред новинарите.
Не се согласуваме со било какви негативни безбедносни проценки, затоа што тие не смеат да бидат причина за откажување на парата на гордоста.
Зборувајќи за недостапност кон документите со проценката за безбедноста, како годинава така и минатите години кога Парата беше откажувана поради можни насилства, Милетиќ истакна дека „фантомски документи никому не му се потребни“ и ЛГБТ заедницата се залага сите безбедносни проценки да бидат јавни.