Published: Wednesday, April 1, 2026 10:50
Шеснаесет луѓе загинаа во Нови Сад. Никој не одговараше. Никој не беше сменет. Ниеден ресивер не беше запленет. Ниедна канцеларија не беше претресена“, рече ректорот на Белградскиот универзитет Владан Ѓокиќ, обраќајќи им се на граѓаните и студентите, по повод влегувањето на полицијата во Ректоратот.
Почитувани граѓани на Србија,
денес напладне, припадници на криминалистичката полиција влегоа во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Белград. Без претходна најава. Без јасно правно образложение. Без почитување на автономијата на најстарата и најугледната образовна институција во Србија.




