Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Први април – ден на шегата и ден на лагата што треба да насмее

0
By Zoran Ivanov on April 1, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 1, 2026 11:38

Во многу земји ширум светот денеска се одбележува Светскиот ден на шегата, 1 април, а луѓето на овој ден традиционално смислуваат безопасни, симпатични шеги за да се забавуваат и да ги насмеат своите ближни.

Во некои земји 1 април се одбележува само претпладне, додека во некои луѓето се шегуваат во текот на целиот ден.

Во Велика Британија, Австралија и Јужноафриканската Република шеги се прават само до пладне, а оној кој ќе ги направи попладне се нарекува априлска будала.

Во Франција, Белгија, Холандија, Италија и франкофонските подрачја на Канада и Швајцарија, традицијата на 1 април е позната како „априлска риба“. Вообичаена шега е обидот незабележливо да се залепи хартиена риба на грбот на „жртвата“.

Најраната трага за поврзување на 1 април со правење шеги потекнува од „Кантербериските приказни“ од 1392 година. Според една теорија, обичајот за одбележување на Денот на шегата настанал во 16 век, кога почетокот на Новата година бил поместен од 25 март на 1 јануари.

Претходно, во многу европски градови Новата година се славела од 25 март и прославата траела сè до 1 април. Луѓето кои го прифатиле новиот календар често се шегувале на сметка на оние кои продолжиле да слават по стариот обичај, па се верува дека токму од тоа настанала традицијата на првоаприлските шеги.

Во 18 век постоело и мислење дека овој ден има уште постаро потекло, поврзано со библискиот лик Ное. Еден текст од англиски весник од 1789 година наведува дека Ное тој ден прерано ја испратил гулабицата од арката.

Со текот на времето се појавија и познати првоаприлски шеги. Така, Би-Би-Си во емисијата „Панорама“ во 1957 година објави прилог за наводна берба на шпагети во Швајцарија, што наведе многу гледачи да се распрашуваат како можат и самите да одгледуваат шпагети.

Слична шега направи и „Бургер Кинг“ во 1998 година во САД, кога рекламираше хамбургер посебно дизајниран за левораки, кај кој состојките „течат“ на десната страна.

Британски „Гардијан“ во 1977 година објави текст за измислена туристичка дестинација со островите Аперкејс и Лоуеркејс, главниот град Бодони и водачот по име Генерал Пик. Читателите подоцна открија дека сите имиња всушност се преземени од топографски термини.

Интересно е што некои реални настани кои се случиле на 1 април често биле дочекувани со недоверба. На пример, Иран во 1979 година го прогласи 1. април за Ден на републиката, но многумина и денес се сомневаат во автентичноста на тој празник.

Слична ситуација се случи и во 2009 година во данскиот град Албертслунд, каде едно училиште за малку целосно ќе изгореше бидејќи пожарникарите веднаш не поверувале дека првите повици за помош биле вистински.

 

ден први април шега
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.