Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Бели националисти“ во Белата куќа: Кои се „јастребите“на Трамп

0
By Нова ТВ on November 21, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека на трите клучни позиции поврзани со националната безбедност ќе избере конзервативци: Џеф Сешнс како државен обвинител, Мајкл Помпео како директор на ЦИА и Мајкл Флин како советник за национална безбедност.

Овие луѓе во американската јавност се познати како „јастреби“ бидејќи поради своите радикални ставови често се судираат со политиката на естаблишментот на Републиканската партија. Тие тројца веројатно се последниот избор кои за такви чувствителни позиции најмалку ги посакувата малцинствата во САД.

Сешнс: Расист и конзервативец

Сенаторот од Алабама Џеф Сешенс (69) уште во 1986 година бил во игра за висока позиција во судството во администрацијата на Роналд Реган, но се откажа поради обвинувањата дека е расист.

sesns

На позицијата државен обвинител Сешнс ќе наследи двајца Афроамериканци: Ерик Холдер и Лорета Линч, кои на оваа позиција беа изминатите 8 години за време на мандатот на Обама.

Изборот на Трамп, Сешнс да биде на оваа позиција, на Твитер го пофали и Дејвид Дјук, поранешен водач на екстремната организација која ја велича белата раса Кју Клукс Клан.

Од друга страна, потенцијалниот избор на Сешс го вклучи алармот во сите организации за заштита на човековите права.

-Џеф Сешнс е премногу голем расист за да стане федерален судија. И тоа уште во 1980. години. Идејата дека тој човек може да стане државен обвинител е вистинска закана за нашата земја и за безбедноста на сите луѓе кои не се белци, од американските муслимани до жените, изјави за весникот Гардијан извршниот директор на организацијата „Демокраси оф Америка“.

Мајкл Флин: Исламот е тумор  

Пензионираниот генерал Мајкл Флин (57), поранешен директор на американската разузнавачка агенција „Дифенс интелиџенс ејџенси“ познат е по своите контроверзни ставови за исламот.

flin

Флин исламот го нарече политичка идеологија која „метастазира во малигнен тумор“. Се залага за повторни преговори за иранскиот нуклеарен договор, јакнење на врските со Русија и поинтензивна борба против исламските екстремисти. Сешнс и Флин важат за жестоки поборници на Доналд Трам уште од времето кога многу истакнати републиканци изразуваа несогласување со неговата експлозивна реторика. Флин на овој начин би можел да биде награден за својата лојалност од новиот претседател на САД.

Мајк Помпео: Затворањето на Гванатанамо е грешка

За разлика од нив двајца, Мајк Помпео (52), републиканскиот конгресмен од Канзас на почетокот го поддржуваше Марк Рубио како републикански кандидат, но навреме се префрли во таборот на Трамп.

pompeo

Помпео во јавноста е познат како остар критичар на нуклеарната спогодба на Обама со Иран и противник на затворањето на озлогласениот затвор Гванатанамо на Куба.

Кабинет Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.