Published: Sunday, April 7, 2024 11:08
Во Белорусија се воведуваат СМС известувања за регрутирање во вооружените сили, а пријавувањето во воениот оддел по добивање порака преку мобилен телефон ќе биде задолжително врз основа на законот потпишан од белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Законот ја дефинира и можноста за доставување покани за регрутирање не само во местото на живеење, туку и во местото на работа или на било кое престојувалиште на регрутите.



