Со песната „Бела чао“, пратеничката на СДСМ, Весна Бендевска го заврши своето излагање пред пратениците на тема буџет 2014. „Еден ден оваа песна ќе ве стигне, рече таа обраќајќи му се на владеачкото мнозинство, ќе ве разбуди од вашите домови затоа што нема да успеете. Да ја вратиме прво слободата во РМ, а потоа да ја направиме земја на среќни луѓе“.
Според неа на 24 декември минатата година пратениците на ВМРО – ДПМНЕ го прекршија Уставот, а Уставот е Република Македонија.
„Најсиромашните граѓани не мислат дека меѓу првите приоритети се лажниот сјај, стариот театар, панорамското тркало, жалните врби на што се троши и растрошува целиот буџет“, истакна Бендевска
Партизиравте се што може да се партизира, од РМ направивте затвор. Ова е единствената држава во која се намалува невранботноста, а не се зголемува вработеноста. Или само во РМ во исто време се намалува и вработеноста и невработеноста, рече пратеничката на СДСМ.




