Еден од 120 закони кои деновите ги разгледува Собранието, а кои се гласаат по скратена постапка е и Предлог на закон за изменување на Законот за спречување и заштита од дискриминација.
Во кривичниот законик вакво дело се вика самовластие. Не овластен упад на извршната власт во ингеренциите на Собранието. И на ниту еден од вас мува не ве лази, око не ви трепнува. Па какви пратеници сте вие? Со што ја заслуживте довербата на народот? Читате ли вие што овде пишува? Дали знаете дека извршната власт се обидува да ги узурпира надлежностите на Собранието како највисока институција?, праша од собраниската говорница пратеничката Весна Бендевска, од СДСМ
– Законот за заштита од дискриминација го донесовте во 2010 година. И согласно тој закон, Собранието избра заштитници на граѓаните од дискриминација.
– Главен опис и попис на работните задачи за кои примате плата е да носите закони и да го контролирате спроведувањето на законите. Тука пишува дека Комисијата за заштита од дискриминација се формира и влече надлежности само од овој закон. Каков закон за административни службеници, какво усогласување?
– Што направивте од највисоката институција? Дар мар. Хаос.
– Дали има дискриминација во Република Македонија? Тоа е анкета која можете да ја најдете на веб страната од Комисијата за заштита од дискриминација. Резултатите се, 86% од граѓаните велат да. 8% велат делумно има. 95% признаваат од граѓаните дека во Република Македонија се жртви на дискриминација по било кој основ. И затоа оваа Комисија требаше да има и надлежност и ингеренции, истакна Бендевска.




