Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бендевска: Законот за административни службеници не го брани ни самиот предлагач

0
By Нова ТВ on January 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2014 22:54


Пратеничката Весна Бендевска, на денешната собраниска седница за администрацијата, со високи тонови до предлагачот на Законот, обраќајќи му се на пратеникот Павле Саздов, како претставник на дијаспората од САД и Канада.

-Денес ниту госпоѓата заменик министер за информатичко општество, администрација, нити било кој пратеник од ВМРО-ДПМНЕ не се јави да го говори на оваа мошне сензитивна и значајна тема.

И сега вие како избран пратеник од дијаспората сте единствениот што денес дебатира и аргументира. И немам никаква намера да ви го одземам тоа право, иако сакам да спорам околу вашата лична незапознаеност со државната и јавната администрација во Република Македонија. Простете, но не сметам дека имате доволно искуство, со оглед на тоа што доаѓате и живеете надвор од границите на Република Македонија.

Знаете ли колку е вонредно важен овој законски проект? Ако ништо друго, овој законски проект мораше да даде одговор, дека Владата има капацитет да понуди соодветно ново законско решение за администрацијата. Бидејќи, согласно пристапниот дијалог на високото ниво, обврзани сме да направиме сериозна реформа во јавната администрација.

Европската Комисија вака вели околу состојбите со јавната администрација. Многу сериозна критика. Тие се согласуваат дека треба да се донесе ново законско решение, бидејќи постојното е вели фрагментирано. Целокупната законска регулатива е фрагментирана. Што значи тоа? Ни замеруваат затоа што вработени во државен и јавен сектор на централно и локално ниво се третирани со голем број закони.

Што предизвикува оваа критика? Дозволете да ви цитирам. “Фрагментацијата го попречува собирањето на релевантни податоци за јавна администрација. Се уште не се достапни официјалните бројки на постојано и привремено вработени во јавна администрација.”

Страшно. Гледајте што ни замеруваат понатаму. “Потребни се подобрувања на политиката и борба против политизација на јавната администрација.”

Европската Комисија забележува дека се уште постојат случаи на огласи распишани по мерка, за соодветен партиски кандидат. И сега ве прашувам, вие како пратеник што доаѓа од Канада. Имате ли поим што се случува во оваа област? Имате ли соодветно искуство? Имате ли компетенција? Единствено ви е да браните нешто што ни госпоѓата предлагач не се осудува да го брани, рече Бендевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.