Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од полноќ поскапуваат за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Според новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 91,50 денари за литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 93,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 90 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,128 денари за килограм со што новата цена ќе биде 51,686 денар.

Со најновата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,46 проценти.