Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 од полноќ се намалуваат за два денара по литар, а на Еуродизел (Д-Е V) за 1,5 денар. За три денари поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), соопшти Регулаторната комисијата за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 85,5 денари, на Еуросупер БС-98 е 88 денари, а на Еуродизел БС (Д-Е V) 98 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 94,5 денари.

За 0,277 денари се намалува цената и на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе се продава за 52,463 денари.