Од ноќеска на полноќ поевтинуваат нафтените деривати. Согласно најновата одлука на Регулаторната комисија на Македонија цените на горивата ќе се намалат за 1.01 процент.

Согласно тоа ЕУРОСУПЕРОТ-95 од полноќ ќе се продава по 81.50 денари, односно за половина денар поевтино, додека пак ЕУРОСУПЕР – 98 по цена од 83.99 денари, ќе се намали исто така за половина денар.

За еден денар ќе се намали цената да ЕУРОДИЗЕЛОТ кој што од сега ќе се продава по цена од 71 денар.

Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 60,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 42,524 ден/кг.