Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит во Берлин: Македонија се бори за јуни, Меркел и Макрон туркаат кон септември

0
By Нова ТВ on April 29, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 29, 2019 09:48

Македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев патува на самитот во Берлин со надеж дека ќе добие потврда на ланското ветување за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ во јуни годинава. Дали ветувањето ќе биде реализирано е големо прашање. Овојпат не е проблем земјата, туку соседите и регионот во целост. Клучна точка на разговорите во Берлин, на кои неформални домаќини се германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, не е проширувањето, туку обидот да се постават на нов колосек преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, објавува Дојче веле.

Проблем за надежите на Северна Македонија да добие датум за почеток на преговори на јунскиот самит на ЕУ е и Албанија, каде состојбата последниве месеци ескалира во длабока политичка криза со неизвесен крај, барем до јунските парламентарни избори. Водечките членки на ЕУ се на став дека е подобро Северна Македонија и Албанија да одат во „пакет“, па сметаат дека одлуката за одредување датум за почеток на преговорите треба да се одложи до септември годинава.

Одвојување или одложување?

Властите во Скопје, благо речено, не се одушевени од таквата идеја. Владини извори велат дека немаат ништо против земјата да биде во пакет со Албанија на патот кон ЕУ, но сметаат дека не е фер на некој начин сега да бидат „казнувани“ поради тоа што Тирана заостанува.

Северна Македонија во најголем дел ги реализираше реформите кои се бараат од нас во четирите клучни сектори, вели за ДВ владин функционер кој инсистираше на анонимност. „Во делот на антикорупциските мерки, реформата на безбедносните служби, владеењето на правото и правосудството, државната администрација она што се бараше од нас е исполнето. Останува уште Законот за СЈО,” велат за ДВ владини извори. Дополнително, наведува истиот извор, „за разлика од другите земји во регионот, кај нас реформите се прават во соработка со опозицијата”.

Официјален Париз веќе се изјасни дека Макрон во Берлин нема намера да разговара за проширување на ЕУ, ниту пак за одредувањето датум за преговори за Албанија и Северна Македонија. Германската влада во петокот, преку својот портпарол, само штуро соопшти дека на средбите „ќе се разменуваат мислења”.

Форматот, но и агендата на состаноците, го испровоцираа еврокомесарот за проширувањето Јоханес Хан, кој не е поканет на самитот, во петокот да потсети дека „одложувањето на почетокот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ” би можело да донесе „драматични последици” за целиот регион.

Косово во фокусот

Според планот, канцеларката Меркел прво ќе одржи одвоени средби со македонскиот и со албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама, потоа Заев е планирано да се сретне со Макрон, а работниот состанок на сите поканети започнува вечерта.

Токму од поканите може да се насети и каде ќе биде фокусот на разговорите. Во Берлин доаѓаат делегации од сите западнобалкански држави, плус Словенија и Хрватска, но Србија и Косово се застапени на две нивоа на власта: и премиерско и претседателско. Берлин веќе извесно време отворено се противи на плановите за размена на територии или корекција на границите меѓу Србија и Косово како дел од конечното решение на спорот меѓу двете држави. Западнобалканскиот самит во Берлин ќе биде првиот директен обид од највисоко ниво да се стави крај на таквите разговори и тие да се пренасочат во правец кој ќе води кон меѓусебно признавање без ризици за регионот.

Во прилог на тоа говори и фактот што високопозиционирани претставници на Кабинетот на Меркел, на германското МНР, како и пратеници во Бундестагот веќе со недели ги обиколуваат Србија и Косово опипувајќи го пулсот и подготвувајќи терен за самитот, но и за напуштање на идејата за менување на границите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.