Во Беерлин постои загриженсот дека постоечките полтички кофикти на југот на Балканот лесно можат да се тарсформираат во насилие. Токму поради тоа и интерсот на канцеларката Меркел да се реши спорот меѓу Скопје и Атина што поскоро.
Оваа е заклучокот на Душан Рељиќ, шеф на бриселската канцеларија на германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања.
Во неговата изјава за НОВА се вели
“Факт е дека тоа што германската влада објави фотографија на канцеларката со Нимиц ја изразува намерата да се упати убедлив сигнал дека Берлин не заборавил дека на југоистокот на поранешна Југославија- регион кои ги опфаќа Македонија, Косово и Србија, и понатаму траат политички конфликти кои лесно можат да прераснат во насилни. Изнаоѓање на решение за спорот меѓу Атина и Скопје би го отворило патот за почеток на предпристапни преговори за членство на Македонија во ЕУ како и за нејзино зачленување во НАТО.
Тоа би ја намалило можноста за нов опасен развој на настаните во тој регион поврзани со косовското прашање кое се уште не е решено и како што уште остануваат отворни и прашањата за иднината на меѓусебните односи на Албанците кои сега живеат во неколку држави во регионот. Затоа германската влада сака да ги потикне напорите за изнаоѓање на решение за спорот на Скопје и Атина што е можно поскоро” вели Рељиќ за НОВА додавајќи дека средбата на Меркел и Нимиц не е пресуден момент.
“Сепак во јавноста не слушнавме дали постојат нови предлози кои би можеле да бидат прифатливи задвете страни. Затоа посетата на Нимиц на Берлин мислам дека е пред се за да се добие нова енергија за продолжување на постоечките напори за изнаоѓање на решение но не и нов или пресуден момент” вели Душан Релиќ од Германскиот институт за меѓународни и безбедносни прашања во изјава за НОВА.




