Иранскиот филм „Нема зло“, на режисерот Мухамед Расулофа, синоќа ја освои наградата „Златна мечка“ на 70. Меѓународен филмски фестивал во Берлин, соопшти претседателот на жирито Џереми Ајронс.
Филмот, кој низ четири приказни ги тематизира прашањата на смртната казна во Исламската Република, е забранет во земјата, а на режисерот не му беше дозволено да го напушти Иран за да ја прими наградата, пренесоа британските медиуми. Во негово име наградата ја прими неговата ќерка Баран.
„Сребрената мечка“, за најдобра женска улога, ја освои германската актерка Паула Бер за главната ролја во филмот „Ундине“. Наградата за машка главна улога ја доби италијанскиот актер Елио Џермано за улога во филмот „Сакав да се скријам“, а за најдобро сценарио заврши кај браќата Фаби и Дамијан Д’ Иноченцо за филмот „Лоши приказни“.