Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Берлинер Цајтунг“ за состојбата во Македонија: Како во некоја диктатура

0
By Нова ТВ on February 26, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 26, 2015 12:32

Под наслов „Како во некоја диктатура“, германскиот весник „Берлинер цајтунг“ ги портретира случаите со ексразузнавачот Александар Диневски, осуден на 4 и пол години затворска казна за „Шпион“, и последниот случај со прислушувањето кое го обелодени лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пренесува „Дојче Веле“.

Во Македонија премиерот Груевски ги отфрли сите задршки во односот со опозиционерите, наведува авторот на текстот Норберт Мапес-Нидек.

Мапес-Нидек поаѓа од случајот со Диневски, кого го означува како „антикорупциски активист“ кој е во истражен затвор од септември 2013 година. Диневски уште во 90-тите години ја напуштил полициската служба „оти веќе не можел да го поднесе постојаното мешање на политичарите во неговата работа“.

Во октомври 2014 е осуден на четири и пол години затвор затоа што, како што пишува авторот, „заедно со поранешниот директор на агенцијата за борба против перење пари собирал документи кои го докажувале плаќањето мито при продажбата на македонскиот Телеком во 2001 година и му ги предал на еден новинар“.

Судот под „криминално здружение“ подразбирал врски со мрежа која е во контакт со претставништвата на ЕУ и ОБСЕ во земјата, како и со полициската мисија на ЕУ „Проксима“. „Кој во борбата против корупцијата доставува информации до властите на ЕУ, очигледно работи за непријателот и мора да смета на соодветно казнување. Во Македонија, земја-кандидат за пристап во ЕУ, во меѓувреме на работите им се приоѓа слично како во Белорусија или Египет“, се констатира во текстот.

Се укажува на 117-тото место на Македонија во однос на слободата на печатот, „зад Конго и Таџикистан, на последно место во Европа, на оваа страна од поранешниот Советски Сојуз“.

Во текстот е наведен и случајот со новинарот Зоран Божиновски, еден од осомничените во аферата „Шпион“, кој беше уапсен во Србија, но тамошниот суд ја усвои неговата жалба и тој го напушти екстрадицискиот притвор каде помина 11 месеци, со обврска на секои 15 дена да се јавува во тамошната полициска станица.

Во однос на лидерот на социјалдемократите Зоран Заев, кој е осомничен за насилство врз највисоките претставници на државните органи и му е одземена патната исправа, во текстот се посочува и на загриженоста на германската влада дека, „покрај неомилените претставници на граѓанското општество, владата атакува и против парламентарната опозиција“.

За еврокомесарот Јоханес Хан се констатира дека „блокира било каква критика на сметка на Македонија“.

„Македонија со катастрофалната положба на човековите права проаѓа толку лесно, оти ЕУ влета во стапица на владата во Скопје“. Тука е наведено дека Комисијата на ЕУ шест години последователно препорачува почеток на пристапни преговори со Македонија, но Грција секогаш става вето поради спорот околу името. „Навистина, препораката на Комисијата од година во година звучи се’ повоздржано, (…) но Брисел не сака да ја повлече. Тогаш имено – тоа се страхувањата – Грција би победила и ЕУ би го загубила целото влијание во Македонија. Во Скопје премиерот Груевски во меѓувреме ја користи таа дилема и дејствува се поотворено во стил на некој диктатор“, се вели покрај другото во написот на „Берлинер цајтунг“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.