Општина Берово пред половина час испрати барање за гаснење на пожарот од воздух, информираат од кабинетот на градоначалникот, Звонко Пекевски. Барањето е доставено до Центар за управување со кризи (ЦУК).

„Поради големиот пожар во месност меѓу селата Митрашинци и Будинарци, во која е зафатена голема површина од дабова и нискостеблеста шума, бараме од Вас да нѝ излезте во пресрет на гаснењето на пожарот со воздушна поддршка-хеликоптери“, стои во барањето потпишано од градоначалникот на Општина Берово.

Овој пожар е надвор од контрола поради ветaрот, а зафатени се над 50 хектари шума. Градоначалникот претходно го повика населението на мобилизација и да придонесе во гаснењето на пожарот.