„Беса Транс“, чиј автобус изгоре на автопатот „Струма“ во Бугарија, досега имала четири кривични пријави за непочитување на протоколите за ковид-19, велат од Државниот инспекторат за транспорт.
Четирите контроли кои биле спроведени на гранични премини резултирале со кривични пријави, информираат од инспекторатот за транспорт.
Некои од тие кривични биле поради 50 отсто, а некои поради 70 отсто повеќе патници од дозволеното со анти ковид-19 протоколите.