Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Беше очекувано да добиеме Извештај со услов

0
By Влатко Чаловски on November 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 11, 2015 13:33


Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска во брифингот со новинарите, а последнично и во изјавата информираше дека Секретаријатот за европски прашања (СЕП) веќе ја има направено првичната анализа на Извештајот за напредокот на Македонија доставен од Европската комисија.

– Она што сакам да го истакнам е што исклучително е важно што оваа година се спомнува препораката за отпочнување преговори со Македонија за членство во Унијата. Важно е Република Македонија според содржината во Извештајот, да работи на имплементација на реформите како и на исполнување на политичкиот договор, изјави Бесими притоа одбивајќи да ја коментира самата содржина од Извештајот.

Тој вели многу е важно да се работи на забелешките за понатамошно приближување на земјата.

Бесими рече дека според новиот пристап на оценување од страна на Комисијата и најновиот Извештај за земјава, бил очекуван од страна на Секретаријатот таков каков што е. Според него Македонија, земајќи ги во предвид земјите од Западен Балкан била некаде во средината на напредокот, но длабоката политичка криза се рефлектирала во позицијата на Македонија.

– Условената препорака за нас значи дополнителна мотивација за работа во однос на постигнување на целите за Македонија и во наредниот период да биде во патеката на отворање на преговорите, порача вицепремиерот за европски прашања.

Тој рече и дека недостига конзистентност за да се споредуваат извештаите од минатата година и овогодинешниот, бидејќи бил променет начинот на оценување од страна на Комисијата.

Фатмир Бесими изрази надеж, и рече дека земјава е подготвена и сака да ги започне најтешките поглавја, 23 и 24, кои се однесуваат на владеењето на правото и човековите права, и слободата на изразување, на говор и на медиуми, бидејќи така најлесно ќе се детектираат проблемите и фокусот ќе биде на нив.

СЕП, како што најави, во текот на неделава ќе направи прво читање и со граѓанскиот сектор, а потоа со детална анализа ќе разговара на состанокот на владата врз основа на усогласување на Акцискиот план за Итните реформски приоритети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.