Министрите за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши биле во едно од возилата кои доцна попладнево учествуваа во сообраќајната несреќа кај Влада. Ова го потврди лично Бесими преку својот Фејсбук профил.

Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата, напиша Бесими на Фејсбук.
Освен материјална штета на возилата, Бесими нагласи оти, за среќа, немало потешко повредени лица.
„Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување“, порача министерот за финансии.