Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими се сретна со американската тројка Рикер, Палмер и Брнз

0
By Ivana on July 2, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Годинава ќе биде година на заздравувањето, по што Република Северна Македонија ќе се стреми кон остварување на приоритетните цели за забрзан раст и спроведување на европската агенда. Долгогодишното партнерство и поддршката од Соединетите Американски Држави во општествениот и економски развој на Северна Македонија, како и во евроатланските интеграции се од непроценливо значење за нашата земја во остварувањето на приоритетите. Министерот за финансии Фатмир Бесими, денеска на маргините на Преспа Форум Дијалог, оствари средба со помошникот државен секретар  и заменикот помошник секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт Департментот на САД, Филип Рикер и Метју Палмер и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз, на која беше зборувано за соработката и за перспективите на нашата економија.

Приоритетите кон кои е насочена Владата и Министерството за финансии е постигнување на повисоки стапки на економски раст од 4% до 5% годишно, како и раст на платите за 20% до 30% на среден рок со цел подобрување на стандардот на граѓаните. Кон ова ќе целиме преку спроведување на фискална политика на среден рок, која ќе биде насочена кон инвестиции, заздравување и одржлив раст и фискална консолидација. Во оваа насока веќе е направен значаен исчекор преку подготовка на соодветна легислатива која ќе биде база за спроведување на овие реформи како: новиот Закон за буџети, кој е усвоен од страна на Владата, подолгорочна Фискална стратегија и Стратегија за управување со јавниот долг, Стратегија за даночна реформа, како и амбициозен повеќегодишен инвестициски план.

Од аспект на зголемување на инвестиците, во Министерството за финансии во финална фаза е Планот за финансирање на зaздравување и забрзан раст, кој има за цел да ги мултиплицира средствата за инвестиции преку ангажирање на приватен капитал. На тој начин побрзо ќе може да се постигне планирата развојна агенда, а истовремено ќе може да се спроведе и фискална консолидација.

На средбата од двете страни беше изразена заложба за продолжување на добрата соработка и партнерство, како и поддршка за реализација на приоритетите во градење на подобро општество и посилна економија.

Кејт Брнз Палмер Рикер Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.