Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Силна поддршка од Светска банка во време на справување со пандемијата

0
By Нова ТВ on September 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска присуствуваше на состанокот со претседателот на Групацијата Светска банка и Холандската конституенца при Светска банка во која членува и Република Северна Македонија. Покрај претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас, присуствуваа Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија, Георгина Бејкер, потпретседател во ИФЦ за Европа и Централна Азија и Кун Дејвидсе, извршен директор во Одборот на директори на Светска банка.

На средбата, како што соопшти Министерството за финансии, стан збор за поддршката на Светска банка во тринаесетте земји од Холандската конституенца, како и за справувањето со здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата. Гувернерите на земјите ја потенцираа важноста на финансиската поддршка која банката ја обезбеди во изминатиот период како итен одговор на предизвиците настанати од кризата.

Министерот Бесими се осврна на досегашните три сета мерки, коишто Владата на Република Северна Македонија ги презеде како итен одговор во ублажување на ефектите од пандемијата и воедно на новиот четврти сет мерки во насока на заздравување на македонската економија.

По членството на земјата во НАТО и најавата за почнување на преговорите со ЕУ, како и периодот на политичка стабилност што следи, Владата на Република Северна Македонија ќе биде фокусирана на остварување одржлив, инклузивен раст преку продлабочување на структурните реформи во насока на зајакнување на конкурентноста на македонската економија.

Од страна на претседателот Малпас и потпретседателките Бјерде и Бејкер беше потврдена поддршката која оваа меѓународна финансиска институција ќе ја обезбеди за регионот вклучително и за Република Северна Македонија, во форма на заеми и трансфер на знаење и јакнење на капацитетите на националните институции. Воедно беше потенцирана потребата од  координиран пристап и партнерство со останатите финансиски институции како што се ММФ, ИФЦ, МИГА и финансиски институции од ЕУ.  Исто така беше посочено дека во наредниот период фокусот ќе биде во зајакнување на развојот на човечкиот капитал, дигитализација и зголемена поддршка на приватниот сектор преку полесен пристап до финансирање.

Министерот Бесими се заблагодари за досегашната поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Групацијата Светска банка, имплементирана преку четири годишната Стратегија за соработка за 2019-2023 во чии што рамки се спроведуваат проекти од кои се очекува позитивен ефект врз економскиот раст.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.