Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бесими: Задолжувањето од 600 милиони евра ќе биде според планираното во Буџетот за 2022

0
By Ivana on March 15, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Буџетот за 2022 година, кој е усвоен во Собранието, предвидено е задолжување од 600 милиони евра. Од нив, 545 милиони евра се за покривање на дефицитот, планиран во Буџетот, а останатиот дел е за зголемување на депозитите што вообичаено се оставаат на крајот на годината за наредна година за резерви, изјави вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој за емисијата „24 Анализа“ посочи дека предвиденото задолжување можеби ќе се прави на надворешниот пазар, со цел да се остават повеќе средства на домашниот пазар за економијата, но не е исклучено и дел од задолжувањето да се направи на надворешниот, а дел на домашниот пазар.

Според Бесими, се прават и потребните подготовки за издавање на Еврообврзницата за која, како што посочи, се чека моментот кога ќе има најповолни услови.

– Подготвено е се. Се анализираат сосотојбите за да се излезе на пазарот тогаш кога ќе има најповолни услови, односно да се постигне најниска цена, со оглед на тоа што условите сега се сменети и каматните стапки за разлика од минатата година се повисоки. Како држава немаме проблем со ликвидноста, не брзаме дека мора тоа да го направиме денес, утре. Чекаме кога е најповолен момент и согласно експертските препораки, ќе го направиме тоа, рече Бесими.

Додаде дека се наоѓаме во глобална енергетска и ценовна криза, но дека и годинава се планира раст кој ќе биде ревидиран поради актуелната ситуација.

– Се наоѓаме во енормна енергетска и ценовна криза годинава и ние треба да се приспособиме на тоа и тоа да го прикажеме во Буџетот, бидејќи се друго не би се реализирало. Затоа правиме консултации и ревидирање на Буџетот за да се приспособи кон она што ќе се случи, но притоа, како и минатата година, која, исто така, беше тешка и успеавме да оствариме раст, и годинава планираме раст кој ќе се ревидира поради драстично сменетата ситуација, рече Бесими.

– И во 2021 и во 2022 година генерално растот се базираше на растот на инвестициите. Го презентиравме Планот за забрзан раст, каде покрај буџетските средства се планираат во наредниот период да се промовираат инструменти што ќе привлечат приватен капитал и тоа да го поттикне растот. Тоа е опфатено и со новиот сет мерки каде се проценува дека неговиот импакт ќе биде над 500 милиони евра, истакна Бесими.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

ВЕСТИ October 24, 2025

Италијанската група на жртви на сексуална злоупотреба „Рете л’Абусо“ (Rete l’Abuso) објави извештај во кој…

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025
ТИКЕР

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.