Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бескрајна мигрантска криза и бескрајни европски кавги

0
By Светлана Јовановска on December 17, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бегалската криза нема крај како што немаат крај ни острите расправии во ЕУ околу приемот на овие луѓе во ЕУ.

Темата беше ставена на дневниот ред за време на вечерата на последниот самит на ЕУ што се одржа во четвртокот во Брисел. ЕУ лидерите признаа дека имале жива дебата за квотите за прием на бегалци и дека темата и понатаму е деликатна и создава тензии помеѓу земјите.

Според Ангела Меркел, ставовите на земјите не се сменети и таа вели дека треба да се продолжи со работа за да се најде решение најдоцна до јуни 2018 година.

Земјите од Вишеград групата (Унгарија, Словачка, Полска и Чешка) велат дека се подготвени да покажат солидарност со земјите кои се први на удар на мигрантската криза како Италија и Грција но таа солидарност ќе биде само финансиска. Тие не сакаат да слушнат да примат квота мигранти во нивните земји.

Другата група земји предводена од Германија прифаќа дека солидарноста може да биде и финансиска но инсистираат дека секој земја членка мора да го сподели товарот на прием на бегалците.

Туск ги налути западните лидери

На Вишеград групата и се придружи претседателот на ЕУ Полјакот Доналд Туск. Барем така може да се протолкува неговата покана за самит испратена до сите лидери на ЕУ во која се вели дека “системот на квоти креира тензии и не е ефикасен”.

На ова одговори комесарот за миграции Димитрис Аврамопулос. Одговорот беше остар:

“Ова е неприфатливо и анти-европски”, луто изјави комесарот.

Аврамопулос доби поддршка од австрискиот канцелар, кому мандатот му завршува оваа недела. Кристијан Керн рече дека “формулацијата на Туск е неразбирлива и ова го кажувам љубезно бидејќи Европа значи да се користат заедничките предности и да се носат заедно евентуалните товари”.

Останува да се види дали австриската позиција ќе остане иста и по доаѓањето на конзервативецот Себастиан Курц на местото на Керн. Особено по вчерашната вест дека портфељот на внатрешните работи во новата австриска влада му припадна на член на екстремното десната партија ФПО. Курц веќе најави дека ставовите на Вишеградската група не му се толку далечни. Набљудувачите велат дека во наредниот период може да се очекува доближување на Австрија со трите Вишеград земји.

Реформа на “Даблинските правила”

Накусо, темата веќе две години ја дели ЕУ на источните кои се против системот на квоти и западните земји кои од самиот почеток ги отвораат портите за мигрантите.

Така, групата Вишеград е подготвена да даде 35 милиони евра за Италија како поддршка на менаџирањето на кризата со мигрантите во Либија. Италија ја поздрави оваа поддршка но италијанскиот премиер додаде дека ова ништо не менува во разликите за прием на мигрантите.

Зад овие дебати стои реформата на азилантската политика на ЕУ или “правилата од Даблин”. Според овие стари правила, првата земја во која ќе стаса мигрантот е таа што треба да го прими неговото барање на азил. Во денешната ситуација и бранот бегалци овој систем станува неодржлив за ЕУ членките што излегуваат на Медитеранот.

Во 2015 година Европската комисија изработи план според кој 160.000 баратели на азил треба да бидат распоредени, од Италија и Грција, во текот на две години помеѓу сите земји членки. Но во изминативе две години одвај 32.000 мигранти биле примени во други земји членки поради категоричното одбивање на источните членки на ЕУ да го споделат товарот.

Ова одбивање ја налути Европската комисија која поднесе тужба против Будимпешта, Варшава и Прага пред судот на правата на ЕУ. Но проблемот е далеку од својот крај исто како и бегалската криза.

азил бегалска Даблински правила Европска комисија ЕУ квоти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.