Директорките на седумте основни училишта кои се наоѓаат на територија на општина Центар денеска беа на работна средба кај градоначалникот на општината, Андреј Жерновски.
На средбата е укажано дека првачињата се запишуваат во месец мај. Тогаш во училиштата во општина Центар се запишаа поголем број на ученици во однос на минатата година.
Проблем е што голем број родители не успеале да ги запишат децета во законскиот рок, а сепак, територијално припаѓаат на општина Центар.
Затоа општината, за да може нормално да започне новата учебна година, и да не се одбиваат деца, бара од Министерството за образование и наука средства за по еден одделенски наставник за прво одделение во ОУ Димитар Миладинов и Гоце Делчев и двајца одделенски наставници во прво одделение во Ј.Х.Песталоци. Во спротивно, предупредуваат од општина Центар голем дел првооделенци ќе останат незапишани.




