Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без закон за легализација, ќе треба да се урнат 50 илјади домови, вели Заев

0
By Нова ТВ on May 15, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 15, 2021 15:18

Ова е последно носење закон со конечна цел, да заврши бесправното градење од независноста на државата, па дури и претходно, за време на поранешна Југославија. Единствената порака што треба да се испрати е дека не се исплаќа да се гради на диво.

Вака премиерот Зоран Заев денеска одговори на новинарско прашање во врска со одлуката на претседателот Стево Пендаровски, да не го потпише Законот за легализација на дивоградбите.

По непотпишувањето од страна на шефот на државата, Законот, потсети Заев, се враќа во собраниска процедура.

Според премиерот, освен забелешките на Пендаровски, во повторната дискусија за Законот внимателно ќе бидат ислушани и реакциите од јавноста. Тоа е демократија, на крај да се вградат сите неопходни елементи и Парламентот да се изјасни во кој правец ќе се турка работата околу Законот за легализација.

-Повторно ќе дискутираме во Парламентот, зашто ако со Законот застанеме тука, службите треба веднаш да тргнат и да ги рушат преку 50-те илјади домови на граѓаните, дециден е Заев.

Со Законот, како и до сега, нема да се легализира секој бесправно изграден објект. Законот за легализација, нагласи премиерот, дава можност за остварување право на сочувување на домот пред се на граѓаните кои се под прагот на сиромаштијата.

-Законот досега е јасен. Ако одреден објект не е легализиран по законите, а законите завршија за легализација, тие треба да се отстранат, односно ако инспекторот не постапи кривично одговара, т.е. доколку градоначалникот не постапи, кривично одговара, односно соодветно републичкот инспектор и самиот министер за транспорт и врски. Ова е суштината на дебатата што се водеше и верувам дека Парламентот ќе ја продискутира. Дополнително, може да ги зајакнат оние укажувања што претседателот на државата ги изнесе за добивање решение за легализација на објекти во заштитени подрачја зашто дефинитивно и прогласувањето на националните планови, односно плановите под заштита определуваат строго заштитено подрачје, развојно подрачје и сите други категориизации. Но, може Парламентот, а можеме и ние како Влада дополнително да ги зајакнеме критериумите затоа што законите и сега кажуваат во кои начини и во каква постапка некој може да легализира, истакна Заев.

Има објекти, посочи, кои се времени градби и тие не подлежат на правото на легализација. Има објекти со несоодветни намени на плановите и тие не подлежат на легализација.

Тој повтори дека Владата има обврска да носи решенија, како што имаат обврски и општините и градот Скопје. За случајот со Стевчо Јакимовски, пак, премиерот истакна дека не може сите да легализираат, а некои кривично да одговарат. И тој може да ја продолжи постапката за легализација кога се носат вакви одлуки.

-Затоа дојде до вакво решение за продолжување на легализацијата со 50 посто повеќе за плаќање, но пред се доминантно заради заштита на домовите, куќите и живеалиштата на посиромашните граѓани. Кога се носи ваква одлука, да се даде шанса тие преку 50.000 објекти да се легализираат, тогаш не можете тие претходните кривично да ги гоните. Не е уставно. Ако алудирате на Јакимовски, тој има три кривични дела колку што знам, прочитав од ЈО. Двете кривични пријави немаат врска со легализацијата, а во едната кривична пријава има повеќе од три обвиненија, од кои едното е само за легализација на објект. Така да, дефинитивно кога предлагате како институции ги гледате соодветно поставено. Не може сите да легализираат, а некои кривично да одговарат. И тој може да ја продолжи постапката за легализација кога носите вакви одлуки, рече Заев.

Во однос на парцелата кај Холидеј ин, премиерот подвлече дека законите мора да се почитуваат.

-Во нашата земја има закони и тие треба да се почитуваат. Не може државата кога сака и како сака да ги менува законите, зашто правото на купување на одредено градежно земјиште, правото на добивање или одбивање одобрение за градба е согласно законите. Она што е нејасно во јавноста до сега, според сите мои информации, пред се министерот за транспорт врски, градот Скопје и Општина Центар се водат од одлуката дека „флеката“ што е поставена на урбанистичкиот план е причина за загрозување, односно за негативен став кон идните градби. Ако во одреден урбанистички план имате определено темна боја која во урбанизмот се вика флека на градење, внатре таа не се користи целосно. Може да го видите детално предлогот за добивање одобрение за градба, гледате дека под 50 отсто на целата површина за градење е дозволена за градење, рече премиерот.

Според него, веќе не е дозволиво паркинг да се решава надвор од парцелата и неприфатливо е да се прават монтжни пакринзи.

-Самото по себе тоа е ограничувачки фкатор. Истовремено, во Законот за просторно и урбанистичко планирање се воведени критериуми и параметри за најмалку зелени површини. Ако имате површина од 12.000 квадрата, а 6 000 квадрати се зелени површини или паркинг простор, тоа апсолутно е дослухот на граѓаните за стоп на мегаламанството при градба и урбаното насилство. Знаете дека таму беа предвидени 60 катници, тие се намалени на 22, 21 кат, рече Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.