Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Без здравствена книшка нема лекови-матичните доктори нема да воведуваат хартиен дневник

0
By Менче Атанасова Точи on September 6, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 6, 2019 19:03

На матичен лекар и во аптека само со здравствена книшка и легитимација, а лекови не може да се земат ако не се запишани во здравствената книшка. Со легитимирање, со лична карта или пасош може да се подигнат лекови и за друг член на семеството. Евидентирањето на рецептите во здравствените книшки ќе важи во наредните три месеци како преодниот период додека не се воведе електронскиот рецепт, неофицијално дознава НОВА. Ова е епилогот од неколкучасовните преговори кои денеска се одвиваа во ФЗОМ, меѓу претсавници од Здружението на приватни лекари и Лекарската комора.

Бура од реакции кај матичните лекари предизвика,  како што велат, враќањето на стариот Правилник и повторното воведување на хартиениот дневник каде што треба да ги запишуваат сите издадени рецепти. Лекарите сметаат дека со новиот Правилник од ФЗОМ, ќе треба рецептите да ги запишуваат на четири места што, е дополнително губење време.

“Ние не сме администрација, лекари сме. Ист лек треба да запишеме на четири места, во здравствената книшка, во картонот на пациентот и во електронскиот систем(дневник) на Мој Термин, а сега и во хартиениот дневник. Имаме пациенти, хронични, многу болни со по десетици лекови и сето тоа треба да се запише на повеќе места. Па, болниот ќе падне и ќе колабира додека чека“, изјави за НОВА , Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари.

Таа вели дека со воведување на вакви правила се враќаат 20 години назад и дека лекарите инсистираат на воведување на електронски рецепт. Од тие причини,  тие денеска преговараа во ФЗОМ со претставници од  Лекарската комора. Неофицијално, резултатот од тие преговори е дека ФЗОМ нема да инсистира на хартиениот дневник каде се евидентираат рецептите, но ќе мора лековите да се запишуваат и во здравствената книшка без која не може да се оди ниту на лекар, ниту во аптека и тоа во нередниот преоден период од три месеци додека не се воведе елктонскиот рецепт.

НОВА праша во ФЗОМ, зошто го враќаат стариот Правилник со кој повторно се воведува хартиениот дневник кој беше укинат со воведувањето на Мој термин. Дали сметаат дека со ова се успорува работата на лекарите, а пациентите дополнително се малтретираат со чекање,  со која цел се воведува хартиениот дневник. Дали електронскиот систем во кој се заведува секој рецепт не е доволен показател за тоа колку рецепти се препишуваат. И што е најважно, до каде е постапката за воведување на електронскиот систем кој меѓудругото  вклучува и електронски рецепт и електронска здравствена каретичка, а се најавува повеќе од две години

Од ФЗОМ со краток одговор:

„Не е вистина дека Фондот враќа стар правилник со кој повторно се воведува хартиениот дневник. Согласно прописите на Министерството за здравство, амбулантскиот дневник се води во електронска форма  од страна на избраните лекари“, се вели во краткиот одговор од ФЗОМ, каде не одговорија на сите прашања на НОВА.

 

Сепак, во новиот Правилник до кој дојде НОВА, стои дека рецелтите треба да се заведуваат во амбулантскиот дневник. Дали се работи на игра на зборови, грешка или повлекување на одлуката, нема објаснување од ФЗОМ.

Инаку, директорот на ФЗОМ, Ден Дончев уште минатата година посочи дека постои сомнеж за злоупотреба на лекови на рецепт од некои матични лекари, за кои рече дека со торби ги изнесувале од аптеките и завршувале на пазарите на соседните земји. Тој посочи дека токму тоа е причината за недостигот на лекови на рецепт после 10.ти во месецот, а граѓаните ги обвини дека создаваат домашни аптеки во страв да не останат без лекови.

Дали ова е еден од начините за заштита не е познато. Како еден од начините за заштита уште од 2013 година се најавува електронскиот рецепт, а откако престанаа да важат електронските картички сегашното раководство највува воведување на електронски картички кои ќе содржат што повеќе податоци за пациентот. Во ФЗОМ веќе два години се најавува и интегриран информатички систем, но се уште не е познато кога ќе се случи тоа.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.