Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безбедност за Европа: НАТО го сакаме и ни треба

0
By Нова ТВ on November 13, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 13, 2019 20:01

Пишува Хајко Мас, германски министер за надворешни работи

Претседателот на Соединетите држави ги повлекува своите трупи од северо-источна Сирија без да се консултира со најблиските партнери. Турција интервенира, не обрнувајќи внимание на предупредувањата од Европа и САД. Претседателот на Франција го прогласи НАТО во кома. Сето ова за само неколку дена, како клопчето на светската историја забрзано да се одмотува. Ова покренува важни прашања – во однос на лојалноста на нашите партнери, силата на нашите сојузи, безбедноста на нашата земја и вистинскиот пат за  во иднина.

Триесет години по падот на Берлинскиот ѕид сè уште не го доживеавме крајот на историјата; иднината се чини понеизвесна, помалку предвидлива, помалку безбедна од кога и да било. Вашингтон одамна  гледа на  односите Исток-Запад како едно од прашањата на меѓународната политика наместо како на главно прашање, без оглед кој ја контролира Белата куќа. Така стојат работите во светот. Затоа е очекувано тоа што деновиве Германија почнува да дебатира  за надворешна политика.

Што е сега во прашање? Повеќе не може да се зема здраво за готово тоа што ние во Германија живееме во мир и безбедност. Во изминатите години постојано се зборуваше дека Германија мора да преземе поголема одговорност за мирот и безбедноста во светот. Во овој историски момент гледаме дека оваа должност е засенета од една друга, поитна мисија: мора да преземеме одговорност ако воопшто сакаме да ја зачуваме сопствената безбедност во Европа и во Германија.

Затоа, во преден план мора да се стави политичкото прашање за тоа каква меѓународна рамка треба да воспоставиме за да го заштитиме мирот и безбедноста во Европа и во нашата земја, сега и во иднина. Три точки се клучни:

Прво, Претседателот Макрон со право ја стави идејата за силна и суверена Европа во центарот на своите размислувања. Во иднина, ние Европејците ќе мора да преземеме многу поголема одговорност за нашата безбедност. Затоа работиме со полна пареа со Франција за една  Европа која соработува далеку поефикасно на планот на безбедносната политика. Договорот од Ахен, зајакнатата  соработка за развој на капацитетите, Европската иницијатива за интервенции и зајакнувањето на цивилниот кризен менаџмент се пресвртници. Нè чека макотрпна работа, особено за време на претстојното претседателство со Советот на ЕУ.

Второ, мора да се согласиме со нашите француски пријатели за тоа кој е најдобриот пат за постигнување на целта за силна и суверена Европа. Според германското гледиште, јасно е дека би било грешка да се поткопа НАТО. Без Соединетите држави, ниту Германија ниту Европа не се во состојба ефикасно да се заштитат. Тоа неодамна јасно се покажа со руското кршење на Договорот за нуклеарното оружје со среден дострел. Би било неодговорно да се води надворешна и безбедносна политика без Вашингтон, и опасно европската безбедност да се одвои од американската безбедност. НАТО ќе ни уште многу години. Тоа претставува споделување на товарот и значи меѓународна соработка и мултилатерализам. Дури и кога Европа еден ден ќе биде во состојба да ја одбрани сопствената безбедност, треба и понатаму да го сакаме  НАТО. Сакаме силна и суверена Европа. Но, таа ни треба како дел од едно силно НАТО, а не како негова замена.

Трето, не смееме да ги делиме Европејците околу безбедносните прашања. Германија нема да толерира какви било посебни аранжмани, ниту во врска со Москва ниту по кое било друго прашање Нашите соседи во Полска и Балтикот треба да ни веруваат дека  нивните безбедносни потреби ги сфаќаме исто толку сериозно како и сопствените. Европа која ни е потребна не може успешно да се обликува без нивна консултација. Напротив, нашите источни соседи тогаш ќе се обидат да ја обезбедат својата иднина преку зајакнување на нивните билатерални односи со Вашингтон. Значи, да, силна и суверена Европа е проект на кој се посветени и Германија и Франција. Сепак, тоа е проект во кој никој не смее да биде изоставен.

Во овие драматични времиња, треба да држиме  цврст правец кон силна Европа – не како замена за трансатлантската соработка, туку како мотор кој ќе ја ревитализира. Не само  како франко-германски проект, туку како проект на заедницата во кој учествуваат сите Европејци. Само на тој начин вистински ќе има безбедност за Европа. Како земја во центарот на Европа, Германија мора да игра централна, медијаторска и балансирана улога – во рамките на Европа и во однос на Соединетите Држави. Ако ние не ја преземеме оваа лидерска улога, никој нема да го стори тоа. Денес нашата главна одговорност е да бидеме глас на разумот во областа на надворешната и безбедносната политика.

Преземаме конкретни чекори во оваа насока – во украинската криза, на пример, или поддржувајќи го уставниот процес во Сирија; и за иранската нуклеарна програма со цел стабилизирање на чумата на насилство која владее во Сахел, како и во преговорите за прекин на огнот во Либија. Една идеја на која работам со мојот француски колега и за која верувам дека има клучно место во германското претседателство со Советот на ЕУ јасно го илустрира овој курс: тоа е идејата за Европски совет за безбедност. Ова не е проект што треба да се заврши утре, но е светилник на хоризонтот. Нам ни треба таков Совет кој ќе биде платформа на која ќе се координираат  надворешните и безбедносните активности на Европејците, во институционалната рамка на ЕУ  и надвор од неа. Велика Британија мора да биде вклучена, дури и ако ја напушти ЕУ. И Вашингтон мора да биде клучен партнер. Тоа е местото каде ќе можеме да го создадеме јадрото на идната европска надворешна и безбедносна политика што ќе ни треба во турбулентни времиња.

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.