Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бездомникот Демиров наместо да биде опериран е сместен во Бардовци

4
By Менче Атанасова Точи on September 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 18, 2017 15:28

Наместо да биде опериран на Клиниката за торакална хирургија бездомникот Муарем Демиров кој со полураспаднати стапала  шест месеци спиеше пред болниците, бил однесен во Психијатриската болница во Бардовци и во моментот е во многу тешка здравствена состојба,  дознава НОВА од свои извори на хируршките клиники.

Лекарски извори од болницата за НОВА велат дека Демиров воопшто не е за кај нив, особено што тие не можат да преземат ништо за да му ги санираат раните на нозете.

Демиров последните денови не е контактибилен, вегетира, а тешка миризба од гангрената се шири во собата каде што е сместен со уште двајца пациенти на интерното одделение во Психијатриската болница во Бардовци.

Дознаваме, дека тој прима терапија за тешки психијатриски болни иако наводно нема таква дијагноза, тој престанал да комуницира и западнал во тешка состојба од гангрената на стапалата која се шири бидејќи не биле санирани раните.

Дека Демиров не бил воопшто опериран потврди и претходниот директор на торакална хирургија Зоран Спировски, кој јавно пред камерите заедно со министерот Таравари ветија дека  ќе му биде извршена итна хируршка интервенција. Спировски за НОВА изјави дека Демиров правел проблеми и заради тоа бил префрлен во Психијатриската болница во Бардовци.

„ А, што е важен тој? Зошто за него се интересирате, има толку други работи за кои треба да се интересирате. Кога го донесоа правеше проблеми, фрлаше отпушоци  од цигари, ќе на ја запалеше клиниката. Не сакаше да биде опериран, како да го оперираме ако не сака“, изјави за НОВА Спировски.

Сепак, лекарски извори од хируршките клиники за НОВА велат дека Демиров не бил опериран поради тоа што инфекцијата ќе се прошири во операционата сала и во другите простории. Според информациите до кои дојде НОВА, наместо да биде опериран тој на 7 јуни со возило на Итната медицинска помош бил однесен во Психијатриската болница во Бардовци. Еден период, пред да биде донесен на торакална хирургија тој престојувал во Чичино село, но и во Геронтолошкиот завод каде  бил донесен од торакална хирургија со образложение дека клиниката се реновира.

„Кај нас имало два приема на пациентот. Првиот е од Градската хируршка болница на 19 април и откога е констатирано дека е избеган затвореник биле известени во затворот Идризово, по што тие го преземале. Вториот прием е од 09.05 до 21.05 кога бил донесен од Клиника за торакална хирургија со образложение дека клиниката се реновира. Од тука избегал на 21 мај , пријавено е во полиција но, во меѓувреме на него му завршила затворската казна. Каде завршил потоа не знаеме. Тоа е се што стои во неговото досие. Тој е поранешен алкохоличар кој веќе не конзумира алкохол, но бил проблематичен“, изјави Салија Бекир новата директорка на Геронтолошкиот завод.

Не е познато како Демиров избегал од Геронтолошкиот завод кога не може да се движи со распаднати стапала од гангрена која ја добил од смрзнатините од студот и како потоа стигнал во Психијатриската болница во Бардовци.

Нејасно е и зошто институциите си ја префрлале топката една на друга.

Во Министерството за здравство не знаат што се случува сега со овој 47 годишен бездомник.

За потсетување, два дена откако беше пронајден како спие пред болницата „8 Септември“, а медиумите ја објавија сторијата, министерот Таравари излезе јавно на 5 јуни и соопшти дека Демиров е во сигурни раце, дека ќе биде опериран и дека целата ситуација е под контрола.

Нема одговор ниту од директорот на болницата Ќамил Ковачи и стручната директорка Анета Ордевска, зошто Демиров е сместен токму во Психијатриската болница во Бардовци ако не е за таму, особено што во оваа здравствена установа не се во можност да му се пружат медицинска помош за гангрената на стапала. И двајцата денеска не одговараа на телефонските повици.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.