Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бежоска: 29 години од монетарното осамостојување – денарот е клучен столб на стабилноста на економијата

0
By Нова ТВ on April 26, 2021 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод 29 години од монетарното осамостојување на нашата земја, гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, се осврнува на значењето на националната валута денарот како еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија. Нејзиното обраќање го пренесуваме во целост:

Монетарниот суверенитет е една од основните компоненти на суверенитетот на секоја држава. Денес, изминуваат точно 29 години од поставувањето на темелите на нашата монетарна самостојност – денот кога денарот го замени југословенскиот динар, а Народната банка започна да функционира како самостојна централна банка, исправена пред бројните предизвици во тие турбулентни времиња на раздвојување од дотогашната југословенска држава.

Навраќајќи се наназад кон минатото, слободно може да кажеме дека монетарното осамостојувањето се одвиваше во исклучително тежок период чијашто главна одлика беше високата макроекономска нестабилност. Честите девалвации на курсот, кога речиси немаше девизни резерви, заедно со структурните проблеми, ја распламтуваа инфлацијата којашто достигнуваше и четирицифрено ниво, а сето ова имаше силни ефекти врз економијата и животниот стандард на граѓаните. Економијата бележеше пад сѐ до 1996 година, кога за првпат по осамостојувањето беше остварен економски раст од 1,2%.

Оттаму, несомнено, за воспоставување стабилен макроекономски амбиент биле неопходни голема храброст, посветеност и професионализам на тогашниот тим на Народната банка. Напорите на Народната банка, заедно со другите носители на политики и на академската заедница, одиграа клучна улога за прекинување на инфлациската спирала и стабилизирање на курсот на домашната валута.  Во 1995 година беше официјализирана монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот – стратегија за којашто и тогаш и сега постои широк консензус дека преставува еден од клучните столбови на стабилноста на македонската економија.

Веќе 24 години се ползуваат благодатите на макроекономската стабилност. Нашата економија е мала, трговски и финансиски отворена и оттаму подложна на надворешни шокови. И покрај бројните надворешни, но и внатрешни шокови, Народната банка постојано успева да ја одржува инфлацијата на умерено ниво, слично на европското ниво. Ниската инфлација е од исклучително значење за заштитата на реалната куповна моќ на граѓаните, но и за одржувањето на конкурентноста на нашиот извоз без којшто малите економии како нашата не можат да остварат повисок и одржлив раст. Значаен придонес за одржувањето ниска и стабилна инфлација, како основна цел на централната банка, дава и стабилниот курс на домашната валута во однос на еврото. Претпазливата монетарна политика, како и добрата координација со другите макроекономски политики, доведоа до речиси непрекинат раст на девизните резерви, коишто денес се на историски највисокото ниво и директно ја зацврстуваат стабилноста на девизниот курс. Потврда за здравоста на политиките коишто ги спроведува Народната банка е историскиот исчекор со обезбедување пристап до девизна ликвидност од Европската централна банка.

Клучот за досегашното успешно остварување на целите на Народната банка е токму нејзиниот силен институционален капацитет којшто се градел со години. Само високопрофесионална и независна институција може успешно да се справува со „тешките времиња“, коишто кај нас не ретко ги има. Последен пример за тоа е пандемијата на ковид-19, којашто иакo е битка за здравјето и животот на луѓето, за носителите на политиките е и битка за задржување на макроекономската стабилност и за намалување на ударот врз економијата.

Оттаму, би сакала да изразам голема благодарност до сите сегашни и поранешни колеги и соработници, кои со својот влог дадоа и даваат придонес за она што сме денес – современа централна банка којашто работи согласно со најновите и највисоките меѓународни стандарди и најдобрите меѓународни практики и се издвојува како позитивен пример во централнобанкарската заедница, вели гувернерката Ангеловска Бежоска во обраќањето по повод 29 години од монетарното осамостојување.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.