Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Би-Би-Си: На албанските затвореници британската влада им плаќа 1500 фунти за да се вратат дома

0
By Ана Василевска on May 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори.

„Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите“, јави Ора њуз.

Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени.

„Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава жица која се наоѓа на задниот дел на аеродромот во Тирана. Тесната писта подалеку, заглавена меѓу карпите црни планини и високите сиви ѕидови на единицата на Граничната полиција, е местото каде слетуваат летовите за депортација од Велика Британија, внимателно следени од семејствата кои чекаат на оградата. Потребни се часови за да се појават депортираните, кои полека минуваат низ портата за да бидат пречекани со прегратки, срамежливи насмевки и солзи“, се наведува во прилогот.

Според Министерството за внатрешни работи на Обединетото Кралство од повеќе од 1.000 лица кои се депортирани околу половина од нив заминале доброволно, останатите се комбинација на неуспешни баратели на азил и прекршители на британските закони.

На прашањето „што прави неговата земја за да ги спречи депортирани да се вратат во ОК“, албанскиот министер за внатрешни работи, Бледи Чучи, вели „не е можно да се стави чип на секого за да следи каде оди“.

„Доколку има луѓе со криминално досие, особено во недозволената трговија, тогаш полицијата ќе биде на готовност. Но, генерално, луѓето што се враќаат се слободни граѓани во Албанија“, рекол тој.

Додал дека покрај работата на илегалната миграција, „двете влади треба да работат на легален начин албанските граѓани да стигнат до ОК“ и оти и предложил на неговата колешка, Суела Браверман, да „создадеме итна легализација на сите Албанци кои работат во Велика Британија на чесна работа и кои немаат криминално досие“.

Само минатата година илегално на британско тло пристигнале над 13 илјади албански граѓани, претежно млади, главно од округот Кукс, од северниот дел на Албанија.

Албанија Би-Би-Си Велика Британија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.