Објавено е ново видео во кое се претпоставува дека е прикажано како Британец е држан во заложништво од Исламската држава соопштува Би-Би-Си.
Групата досега има убиено тројца, двајца Британци и еден Американец и се закани за животот на Британецот Алан Хенинг.
47-годишниот Хенинг од Салфорд е прикажан на крајот од видеото што го прикажуваше убиството на Британскиот хуманитарец Дејвид Хејнс, објавено во саботата.
Последното видео покажува друг Британец кој вели дека е затвореник.
Снимката е различна од преостанатите и не упатува на тоа дека некој е обезглавен. Ниту еден војник на ИД е виден на снимката која е насловена „Позајми ми ги твоите уши“ и е наменета за Западната публика.
Британецот се појавува облечен во портокалова облека и директно се обраќа кон камерата. Тој кажува како тој и уште неколкумина биле заборавени од британската и американската влада и прашува зошто толку сакаат да започнат нова војна.
Заложникот вели дека други европски земји преговарале за ослободувае на нивните заложници, но вели дека САД и Британија делувале различно.
Тој исто така спомнува дека ова е една од програмите во кои ИД ќе ја објасни својата филозофија. Според коментарите на снимката, таа е направена годинава, но не е прикажано кога точно.