Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Би Би Си: Путинов покер или руски рулет – дали Џо Бајден ќе биде побрз со NASAMS

0
By Zoran Ivanov on November 17, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 17, 2024 21:53

Драматичен обид на Џо Бајден да ја забрза испоракаста на оружје за Украина по претседателските избори во САД. Американската администрација има за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина што побрзо пред 20-ти јануари.

Соединетите Американски Држави ќе испратат повеќе од 500 офанзивни проектили-пресретнувачи во Украина во следните недели, со што ќе се забрза испораката на воена помош, објави во саботата Волстрит журнал.

Цитирајќи неименуван функционер на Пентагон, њујоршкиот весник објави дека пред претседателските избори во САД, на кои поранешниот републикански претседател Доналд Трамп ја победи својата демократска ривалка, американската потпретседателка Камила Харис, американската администрација имала за цел да го достави остатокот од својата помош за Украина до април, пренесува Ројтерс.

Испораката на ракети-пресретнувачи Патриот и националниот напреден ракетен систем земја-воздух – NASAMS, треба да ги задоволи потребите на Украина за воздушна одбрана до крајот на оваа година, наведува Волстрит журнал.

Ројтерс засега не може да го потврди извештајот на њујоршкиот дневен весник.

Трамп смета дека испораките на оружје се „одлив на американски ресурси“.

Реизбраниот американски претседател постојано вели дека негов приоритет е ставање крај на војната и запирање на, како што вели, трошење на ресурсите на американската воена помош за Украина.

Ланза, политички советник на поранешниот претседател откако Трамп ја започна кампањата во 2016 година, не ги спомна областите во источна Украина, но рече дека враќањето на Крим од Русија е нереално и „не е цел на САД“.

Кога Зеленски ќе каже дека само ќе ги запреме овие борби и дека ќе има мир само кога ќе се врати Крим, имаме вести за претседателот Зеленски: Крим го нема, изјави тој за Викенд програмата на Светскиот сервис на Би-Би-Си.

И ако вашиот приоритет е да го вратите Крим и американските војници да се борат за да го вратат Крим, вие сте сами.

САД никогаш не распоредиле американски војници да се борат во Украина, ниту Киев побарал американски војници да се борат во нивно име. Украина само побара воена помош од САД за вооружување на сопствените војници.

Ланза рече и дека има голема почит кон украинскиот народ, велејќи дека има лавовски срце. Но, тој посочи дека приоритет на САД е „мирот и запирање на убиствата“.

Она што ќе и кажеме на Украина е – знаете ли што гледате? Што гледате како реална визија за мир? Тоа не е визија за победа, туку е визија за мир. И да почнеме со искрен разговор, рече тој.

Трамп разговарал со Зеленски по победата на изборите, а во разговорот учествувал и милијардерот Илон Маск.

Демократските противници на Трамп го обвинија дека застанал на страната на рускиот претседател Владимир Путин и велат дека неговиот пристап кон војната претставува предавање на Украина и дека ќе ја загрози цела Европа.

Минатиот месец Зеленски претстави „план за победа“ на украинскиот парламент, кој вклучуваше одбивање да отстапи украински територии и суверенитет.

За време на предизборната кампања, Трамп постојано повторуваше дека може да ја заврши војната меѓу Русија и Украина „за еден ден“, но никогаш не даде повеќе детали.

Во документот, напишан во мај од двајца негови поранешни началници за национална безбедност, се наведува дека САД треба да продолжат да снабдуваат оружје, но поддршката да ја условат со влегување на Киев во мировни преговори со Русија.

Украина не треба да се откаже од надежта дека ќе ги врати сите свои територии од руската окупација, пишува весникот, туку треба да преговара врз основа на сегашните линии на фронтот.

Претходно оваа недела, Путин му честиташе на новоизбраниот претседател на САД за неговата изборна победа и рече дека тврдењето на Трамп дека може да помогне да се стави крај на војната во Украина „заслужува барем внимание“.

Русија е подготвена да го слушне предлогот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков.

Под услов тоа да се „идеи за тоа како да се оди напред во договорот, а не во областа на натамошна помош на режимот во Киев“, рече Рјабков во интервју за руската државна новинска агенција Интерфакс во саботата.

Претходно оваа година, Претставничкиот дом на САД одобри пакет воена помош од 61 милијарда долари или речиси 57 милијарди евра за Украина за помош во борбата против руската инвазија.

САД беа најголемиот снабдувач на оружје на Украина – меѓу февруари 2022 година и крајот на јуни 2024 година, тие испорачале или предале оружје и опрема во вредност од 55,5 милијарди долари, според Килскиот институт за светска економија, германска истражувачка организација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.