Денеска во Босна и Херцеговина е ден на жалост поради загинувањето на петмина рудари во рудникот за јаглен во близина на Зеница.
Синоќа спасувачките екипи го извлекле телото и на последниот од загинатите рудари. Окното на рудникот Распоточје се урна во петокот по слабиот земјотрес што го погоди тоа подрачје.
Под земја, на длабочина од 800 метри останаа заробени 34 рудари, но 29 од нив екипите успеале да ги излечат живи.