Настанот се случил денеска претпладне на сточниот пазар во Гостивар. При симнување од камион, бикот го нападнал својот 82 – годишен стопан, се наведува во билтенот од тетовската полиција кај која случајот бил пријавен во 9 часот утрово. 

82 – годишниот сопственик со иницијали Љ.С. од гостиварското село Врбен им подлегнал на тешките телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „ Ферид Мурад“. 

Јавен обвинител и екипа од одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.