Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бил Гејтс: Акутната фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година

0
By Sashko on December 9, 2021 СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејт го  нарече „загрижувачки“ новиот омикрон сој на коронавирусот, но додаде дека „акутната“ фаза на пандемијата ќе заврши во 2022 година.

Можеби е глупаво повторно да се предвидуваат работите, но мислам дека акутната фаза на пандемијата ќе заврши во одреден момент во 2022 година. Се надевам дека во иднина за вирусот ќе размислувате само еднаш годишно и тоа наесен додека примате заедничка вакцина против грип и коронавирус, напиша Гејтс на својот блог, пренесе „Раша Тудеј“.

Фармацевтските компании и во историјата имале големи проблеми со продажбата на своите вакцини против грип, поради нивната релативно ниска стапка на ефикасност, како и поради фактот што научниците требаше да предвидат кој вид на вирус ќе биде вирулентен во дадената година.

Гејтс, сепак, е оптимист за терапијата и истакнува дека фармацевтскиот гигант „Мерк“ неодамна доби одобрение од ФДА за својот антивирусен лек молнупиравир, наменет за лицата со висок ризик од тешка коронарна болест.

Оваа пилула значително ги намалува шансите за хоспитализација или смрт од ковид-19, напиша тој на блогот.

Тој призна дека, и покрај примената на вакцините против коронавирусот годинава, од ковид-19 починале повеќе луѓе отколку минатата и додаде дека подобрувањето годинава не е драматично, како што се надевал.

Првиот човек на Мајкрософт се осврна и на појавата на сојот омикрон оценувајќи го како „загрижувачки“, но и нагласи дека „светот сега е подобро подготвен да се бори против потенцијално опасните варијанти отколку што беше претходно“.

Богатството на Гејтс за време на пандемијата се зголеми на 137 милијарди долари и тој во моментот е четвртиот најбогат човек во светот.

Бил Гејтс Ковид-19 Мајкрософт Пандемија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.