Во последните 24 часа се регистрирани 105 нови случаи на ковид-19, од кои 22 се реинфекции, оздравени се 49 пациенти, а починати нема, информира Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Нови случи се евидентирани во Скопје – 78, во Битола – девет, во Прилеп – три, во Куманово, во Тетово, во Кавадарци, во Охрид, во Струмица и во Штип – по два, во Кичево, во Берово и во Кратово – по еден.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице.
Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.
Според епидемиолошки анализи, најмногу активни случаи во моментот има во Скопје – 312, во Куманово – 21 и во Битола – 30. Активни случаи нема во Кочани, во Струга, во Свети Николе, во Делчево, во Дебар, во Валандово, во Виница, во Пробиштип, во Крушево, во Демир Хисар, во Македонски Брод, во Демир Капија, во Македонска Каменица, во Пехчево и во Дојран.