Aл Каеда планира напади врз брзите возови во Европа, пишува германскиот весник Билд, повикувајки се на информации од американски разузнувачи.
Терористите имале намера да поставуваат експлозив во возови, во тунели или да саботираат пруги или електрични кабли.
Според информациите на американските разузнувачи, нападите биле договарани на конференција на Ал Каеда пред неколку недели.
Билд пишува дека германските служби за безбедност веќе превзеле превентивни мерки.