Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, синоќа оцени дека Грција не планира да попушти околу спорот кој го води за името.
– Не гледам ништо што укажува во таа насока, одговори Билт на прашањето дали е можно Грција да направи гест во однос на Македонија, за време на нејзиното претседавање со Европската Унија во првата половина на 2014 година и да дозволи отворање на преговори за членство.
Министерот додава дека регионот напредува, но дека напредокот е бавен, „можеме да се фокусираме и на фактот дека Балканот оди напред. Скоро сите земји од Балканот се во процес на преговори. Само Босна е исклучокот. И Македонија е исклучок, но од други причини. Не би бил премногу песимист кон Балканот, можеби се движи побавно отколку што јас би сакал, но се движи, изјави Билт од Вашингтон.




