Сиромаштијата, бедата веќе чука на секоја, практично врата во оваа држава. Петте проценти екстремно богати немаат проблеми, тоа е факт, ама останатите, имаат. Триесет отсто од луѓето живеат со помалку од 100 денари и треба да да им кажете дека и вода нема, тоа што природата им го дала, треба да им кажете дека и вода не им треба, ај што немаат за леб, ни вода нема да им дадеме, порача пратеникот Сафет Бишевац на денешното, осмо продолжение на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
– Oчигледно на владејачката коалиција предводена од Никола Груевски многу поважни им се други работи, кои се гледаат, тука, во центарот на Скопје од кои аир има само тој и групата околу него. Заедно со Валентина Стевановска, која, ете, како што вчера слушнавте, за пристоен хонорар од 1,5 милион евра го искажала својот голем патриотизам, по градбата на споменикот на Воинот на коњ. Со тој 1,5 милион евра во оваа држава 20 села ќе ги решеа сите свои проблеми инфраструктурни, пат, вода, струја, школи – порача Бишевац.
Тој рече оти изгледа на коалицијата на власт и е поважно „цел свет да ни се смее во очи со глупостите, со лажниот патриотизам и со огромниот криминал што го направиле околу себе“.
– Ако на оваа власт и е поважно на Валентина Стевановска, покрај милионите за хонорар, граѓаните да и плаќаат спиење во најскапите хотели во Венеција, Ок. Знам зошто е така, затоа што, само тоа знаат да го прават перфектно, да ја манипулираат јавноста, да ја излажат јавноста, наводно да се борат за својот народ и својата држава, а да прават се дури и најсветата работа, да ги поткупуваат темелите на идентитетот на Македонскиот народ со некакви нови квази научни теории за генетско потекло на Александар Македонски. Тоа е проблем на луѓе кои веруваат во тоа, но наш проблем е секојдневието и веќе станува јасно дека оваа власт нема одговор за проблемите кои секојдневно ги чувствува обичниот граѓанин – рече Бишевац.




