„Има една стара класификација и степенување на лагите. Порано одеше вака: лага, голема лага и статистика. Модерни времиња, посебна власт во Македонија и сега веќе тоа не важи. Степенувањето на лагата сега оди вака: лага, статистика и Ставрески“, истакна во Собранието пратеникот Сафет Бишевац.
– Врв на лага во оваа држава е овој наводно развоен Буџет, кој овде пратениците од власта го бранат, а опозицијата се обидува со конкретни забелешки да ја подобри и онака катастрофалната ситуација во оваа држава.
– Изедначувањето на државата со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е регистрирано дури и во извештајот на Европската комисија за минатата година.
– Големата преродба на ВМРО-ДПМНЕ, нивните големи успеси и коалицискиот партнер, може да се види на еден многу едноставен пример. Во село Батинци, во училиштето Алија Авдович, учениците Албанци и Бошњаци се уште немаат книги за прво одделение. Тоа ли е големиот успех на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ? Како е можно во Буџет од речиси 3 милијарди евра, со толку посветеност на оваа владејачка гарнитура, децата во село Батинци се уште да немаат книги? Во кој свет живееме? Тоа не е важно за вас.
– За вас е важно нешто друго. Морате да му ги исполнувате желбите и соништата на пастирот, рече меѓудругото Бишевац.




