Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бислимоски: За две недели ќе се знае дали ќе има нова цена на струјата, блок-тарифите остануваат и во 2023 година

0
By Соња Крамарска on December 12, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
архивска фотографија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Откако ќе завршат тендерите за набавка на електрична енергија на универзалнииот снабдувач ЕВН Хоме и за набавка на загуби за МЕПСО и во Електродистрибуција за околу две недели ќе се знае новата цена на електричната енергија за домаќинствата, односно дали и колку ќе има зголемување на сметките.

„Кога ќе завршат од компаниите ќе добиеме барање за определување на нивните цени за 2023 година. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е околу 400 евра за мегават-час и по колкава цена ќе може ЕСМ да му продава на универзалниот снабдувач ЕВН. Досега беше 48 евра за мегават-час“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Блоковите ќе останат и во 2023 ходина, вели тој, резултати се добри, има 16% намалување на потрошувачката. Но, сега во следните месеци ќе видиме каков ефект ќе имаат со оглед на грејната сезона и потребата од греење со клими,  истакна Бислимоски.

Во пресметките на цената на струјата не влегува увозот кој ЕСМ го прави во рамките на слободниот пазар, а е наменет за да се покријат загубите во пренос на МЕПСО и Електродистрибуција од околу 1.000 гигават-часови годишно.

„На ЕСМ му се дадени дополнителни обврски од државата, да обезбеди струја за техничките загуби во преносот на струја и тоа е околу 1.000 гигават-часови. Тоа не е обврска од законот за енергетика, туку наметната од Владата за да се избегнат големи трошоци на загуби“, рече Бислимоски.

„Доколко МЕПСО и Електродистрибуција ги набавуваа своите загуби од слободниот пазар како што се прави од 2012 година, тогаш вкупните трошоци на двете компании би биле повисоки за околу 300 милиони евра. За да не паѓа тоа на товар на потрошувачите, ЕСМ по налог на Владата презеде обврска да ги обезбеди овие по многу пониски цени од пазарните и тоа е некаде од 143евра за мегават-час. И тоа го прави ЕСМ во рамки на слбоодниот пазар на електрична енергија. Овие увози не влегуваат во пресметките на цената на струјата“, рече Бислимовски.

Тој тврди дека во 2023 година потребите за увоз на електрична енергија на малите потрошувачи и домаќинствата ќе бидат нула денари, а бил убеден дека ќе биле нула денари и оваа година ако не се случеа преминувањата од слободниот на регулираниот пазар.

 

Марко Бислимоски покачување на струјата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.