Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Дали Мицкоски и Кочоска веќе најавија ново задолжување од 350 милиони евра?

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2026 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2026 13:06

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција побара од премиерот Мицкоски и од министерката за финансии Кочоска, да одговорат дали подготвуваат ново задолжување од околу 350 милиони евра, што ќе значи нова должничка епизода.
Сакам да поставам и дополнително прашање до Владата и министерката Кочоска: дали со објавата на Фејсбук веќе ја најави и следната должничка епизода од околу 350 милиони евра за остатокот од еврообврзницата што треба да се сервисира во јуни? Тоа се нови 350 милиони евра на грбот на народот, истакна Битиќи.

Владата зборува за економска стабилност, а секој месец тропа на нова врата за задолжување. Снемува пари во Буџетот. Погрешните политики на Мицкоски и Кочовска во економијата, ја туркаат Македонија и иднинте генерации во должничко ропство, рече Битиќи.

Битиќи нагласи дека Владата брзаше со носењето на одлуката за задолжување од 260 милиони евра, при што ги прекрши собраниските процедури и потсети дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе интерпелација и кривична пријава против претседателот на Собранието .

Толку многу им се брзаше на Владата на Мицкоски со новото задолжување што веднаш после празникот, спротивно на деловникот и процедурите, го ставија на дневен ред во Собранието задолжувањето од 260 милиони евра. Станува збор за грубо кршење на процедурите и злоупотреба на Собранието. Поради тоа СДСМ како што најави ќе поднесе интерпелација и кривична пријава против претседателот на Собранието, истакна Битиќи.

Воедно, Битиќи укажа дека состојбата во Буџетот е сериозна и дека власта со нови кредити ги покрива финансиските проблеми што самата ги создава.

Буџетот очигледно е пред колапс, пари нема за ништо, па затоа власта секој месец оди со нови задолжувања за да ги покрива дупките што сама си ги создаде. Нема пари за повисоки плати и пензии, нема пари за минимална плата од 600 евра, нема пари за земјоделците и за поголеми субвенции, но има милиони за нови долгови и криминални тендери, рече Битиќи.

Тој додаде дека за само две години, Владата на Мицкоски создаде нов долг од 2,5 милијарди евра, а јавниот долг се зголеми на историски највисоки 11 милијарди евра, долг што ќе го плаќаат идните генерации. Воедно, Битиќи укажа дека условите под кои Владата се задолжува се доказ за недовербата на меѓународните финансиски пазари кон економските политики на Владата.

Ова задолжување е доказ дека меѓународните финансиски пазари не се инпресионирани од триумфални пораки дека Северна Македонија се движи кон врвот на европските економии, дека сме на пат да станеме меѓу ‘трите најбрзорастечки економии во Европа’. Владата бараше 300 милиони евра од банките, а доби само 260 милиони евра и тоа со висока камата од 4,6 проценти.Тоа значи дека странските банките немаат доверба во фискалниот капацитет и економските политики на Владата на Мицкоски, рече Битиќи.

битиѓи задолжување кочовска ново
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 8, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

ВЕСТИ June 8, 2026

Трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај лани, бележат зголемување од 4.8…

32 Конгрес: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

June 6, 2026

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.