Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Членството во ЕУ ќе биде директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за нивниот смеен буџет и животен стандард

0
By Ана Василевска on August 21, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Битиќи
Фатмир Битиќи
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Усвојувањето на уставните измени во Собранието на Република Северна Македонија, а со тоа и овозможување да продолжи евро-интегративниот пат на нашата држава, не е само политичко прашања, туку и прашање на економски структурни промени кои треба да донесат низа на трајни придобивки како за нашето стопанство, така и за граѓаните”, пишува на својата Фејсбук страна заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој посочува дека остварувањето на стратешката определба на 80% од граѓаните на државата за зачленување во ЕУ најважно е дека ќе значи повисок животен стандард и поголема куповна моќ за нив.

„Една од најголемите придобивки која стои пред нашата држава е создавање на реални услови за голем раст на платите, кој кај одредени држави во првите пет години по зачленувањето во ЕУ се движеше од над 50 отсто, па се до 100 отсто. Ова ќе биде директна придобивка за куповната моќ за граѓаните, за нивниот смеен буџет и животен стандард.

ЕУ е најголемиот наш економски партнер, нашето стопанство органски е поврзано со европското, 77,5% од извозот завршува во некоја од 27-те држави членки, додека 51% од увозот доаѓа од таму. Ова значи дека домашните компании создаваат дополнителна економска вредност, креираат и одржуваат работни места за нашите сограѓани преку деловна соработка со европски компании, односно основата на нивниот раст и развој лежи на европски трговски основи”, пишува вицепремиерот за економски прашања Битиќи.

Во својот пост на Фејсбук, тој истакнува дека со полноправното членство во ЕУ на нашата економија ќе се отворат вратите на единствениот европски пазар од 500 милиони потрошувачи, што дополнително ќе ги зајакне трговските перспективи и потенцијалите за остварување на одржливи стапки на раст на БДП.

„Искуството на други држави покажува дека во првите пет години од зачленувањето во Унијата, стапките на раст на БДП се зголемуваат од 80 до 90 отсто. Поедноставената трговија ќе ги зголеми можностите за извоз, ќе создаде деловни услови за намалување на трошоците и зголемување на ефикасноста на домашните компании.

Слободното движење на работната сила во рамки на европскиот економски простор ќе им овозможи на компаниите да пристапат до нови човечки ресурси, со развиени таленти и напредни знаења, што ќе биде силна поддршка да ја зголемат нивната приспособливост на променливите барања на пазарот”, пишува Битиќи.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи потсетува дека ЕУ е наш најголем финансиски поддржувач, донатор и кредитор во сите области, таа ни помага во европеизирањето на македонскиот бизнис модел.

„Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата преку ИПА програмата се вложени околу 1 милијарда евра за модернизација и развој на инфраструктурата, што има витално значење за водењето на бизнис во земјава. Но тоа не е се, преку ИПА 3 програмата проектирани се финансиски средства од 243 милиони евра. ИПАРД 2 програмата ни стави на располагање 60 милиони евра, на кои имавме рекордна искористеност од 98 отсто, поради што во ИПАРД 3 ни се ставаат на располагање неповратни 97 милиони евра за унапредување на нашето земјоделството.

Партнерството со ЕУ за нашата држава значеше и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза, 100 милиони евра макроекономска помош и 160 милиони евра за ублажување на економските последици од пандемијата”, пишува Битиќи.

Тој истакнува дека малите и средните претпријатија се ‘рбетот на економијата на нашата земјата и создаваат околу 80% од работните места, а ЕУ помага во градењето и одржувањето на нивната профитабилност. Само преку Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија за пристап на пазарите на ЕУ низ унапредена конкуренција на компаниите им се достапни 36 милиони евра за зголемување на нивните конкурентни капацитети.

„Со забрзувањето на евроинтегративните процеси и нивното финализирање со полноправно членство, директната поддршка за економија ќе продолжи и ќе биде многу повисока. На државата и стопанството ќе и им бидат достапни нови програми и фондови, кои може да бидат и за 11 пати повисоки отколку фондовите и програмите кои им се достапни на земји кандидати за полноправно членство.

Овие историски шанси кои се пред нашата економија не смееме да ги пропуштиме. Не постои друга реална перспектива или алтернатива која на нашата економија ќе и постави долгорочни и цврсти темели за остварување на забрзан, одржлив и долгорочен раст, зголемена конкурентност на компаниите и повисок животен стандард на граѓаните”, се вели во објавата на Фејсбук на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Европски економски простор Фатмир Битиќи членство во ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.