Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Националниот развоен план е стратегија за долгорочен развој на земјава

0
By Нова ТВ on November 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Голем дел од наодите и од препораките во оваа публикација се совпаѓаат со приоритетите и фокусот на политиките на Владата во овој мандат, а со Националниот развоен план ќе креираме долгорочна стратегија за развој, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во своето обраќање преку видео конференциска врска на денешната промоција на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, изработена од еминентни експерти од земјава со поддршка од канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.

Станува збор за сеопфатна публикација во која се содржани анализи и препораки за забрзан и одржлив економски развој, фискалната и монетарната политика, пазарот на трудот и социјалната заштита,  како и за подобро образование и развој на науката. Во неа се дадени препораки за повеќе области, важни за економскиот развој, а главните цели кои треба да се постигнат е побрза конвергенција кон ЕУ, фер распределба на доходот и намалување на сиромаштијата и зајакнување на капацитетите на Владата и државните органи.

-Еден од приоритетите е поголема интегрираност на нашата економија во меѓународните економски текови преку креирање на интензивен дијалог и соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, наместо класичниот „top-down“ или „bottom up“ пристап, креираме хоризонтален пристап кој подразбира инклузивност на сите чинители, како и отворен дијалог за важните државни прашања. Ова започнавме да го спроведуваме во пракса: при носењето на економските мерки водиме редовна консултација со сите чинители, имаме редовни состаноци со „Платформата за јавно приватен дијалог“, која беше иницирана од четирите најголеми стопански комори. Веќе сме пред крајот на креирање на платформата „За татковината со љубов“ која треба на едно место да ги обедини сите оние кои можат да придонесат за растот и развојот на земјава, првично од економски аспект, а секако понатаму и во сите сфери на општественото живеење“, посочи вицепремиерот Битиќи

Битиќи, информираат од неговиот кабинет, се осврна на дел од публикацијата и посочи дека особено го радува што во оваа публикација наместо за невработеност, авторите зборуваат за стапка на вработеност.

-Кога би зборувале за вработеност би добиле пореална слика за тоа какви се движењата на пазарот на трудот во земјава. Најјасна слика за пазарот на трудот и достапноста на работната сила, ќе добиеме по спроведувањето на пописот на населението на пролет 2021 година, рече Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека во Владата активно се водат разговори за измени на даночниот систем, пара-фискалните давачки  другите трошоци на компаниите, со цел да се намали сивата економија во земјата.

-Борбата со сивата економија ќе продолжи и понатаму да биде приоритет, ова го покажавме со начинот на моделирање и спроведување на антикризните мерки од третиот и четвртиот пакет, со кои ги поддржавме граѓаните и компаниите кои се дел од системот, а за сите оние кои се надвор од истиот работиме на механизми за да ги вклучиме. Кризата ги покажа јасно предизвиците со кои е соочуваме години наназад, но исто така не става во позиција на соочување со проблемите кон нивно конечно решавање. Јас овој предизвик го прифаќам и сум подготвен заедно со сите засегнати заедно да работиме кон креирање на услови за намалување на сивата економија и спречување на корупцијата на сите нивоа и во приватниот и во јавниот сектор, подвлече Битиќи.

Успешноста, додаде, може да се воочи само доколку имаме успешен систем со кој ќе го измериме учинокот или перформансот од владините политики.

-Затоа на ниво на Влада ќе биде креирана Централна единица за мерење на ефективноста и ефикасноста на политиките кои ги носиме, за да можеме успешно да креираме клима која ги дава најдобрите резултати со најефикасните инпути, посочи Битиќи.

Темите кои се опфатени и анализирани во публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, истакна, ни даваат преглед каде ја гледаме нашата земја во годините кои доаѓаат.

-Државата треба да креира услови, да изгради пат по кој ќе може да одат мнозинството од сите чинители на општеството. Токму тоа ќе го правиме со Националниот развоен план со кој ќе креираме долгорочна стратегија за развој, а во чие креирање ќе бидат поканети да учествуваат експерти од различни теми, независно од политичката, верската, национална или било која друга припадност, нагласи Битиќи.

Во публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, се дадени препораки за повеќе области, важни за економскиот развој, а главните цели кои треба да се постигнат е побрза конвергенција кон ЕУ, фер распределба на доходот и намалување на сиромаштијата и зајакнување на капацитетите на Владата и државните органи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.