Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Нужно е да се преземат активности во сите јавни институции, долгот за струја ќе се плати

0
By Jane Gjorgioski on December 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи вечерва изјави дека долгот за неплатените сметки за струја на здравствени установи и јавните институции ќе биде платен онолку колку што можат да се најдат средства во буџетот за да не се скрати од други проекти или потреби на граѓаните.

-Се согласувам дека е нужно да се преземат активности во сите овие институции, особено да се влезе во реструктуирање, како што тоа го најавивме и за Пошта, каде веќе почна и од 1 јанаури ќе има целосно нова систематизација, со нови работни места, типови на работни места, нема да се дозволи да се зголемува бројот на вработени, туку се оптимизираат работни места за да се направи пофункционален систем. Тоа се прави и во „Железници Транспорт“, појасни Битиќи во Дневникот на Сител.

Прашан за најавите за намалување на цената на основните прехранбени производите во декември, Битиќи рече дека остануваат на договорот дека цените би требало да се намалат од 7 до 12 отсто и тоа кај сите производи. Според него, како се приближуваме кон Нова година, цените би требало да покажат одреден пад кон основните прехранбени производи. Додаде дека е отворен да дискутира и понатаму со сите од прехранбената индустрија.

Вицепремиерот Битиќи рече дека на 1 јануари граѓаните, особено најранливите категории на граѓани, кои, како што рече, умешно покажаа дека знаат да штедат, им се заблагодарувам зошто штедат и трошат помалку електрична енерегија, нема да добијат никаков шок, кој опозицијата го најавува. – Особено сме внимателни кон сите мали потрошувачи од стопанството кои се на регулираниот пазар. Кажавме и докажавме дека овој период плаќаат цена која е далеку помала од берзантската, рече Битиќи.

Битиќи изјави дека доколку официјално го повикаат на суд за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Мухамед Зеќири, кој е обвинет за злоупотреба на службена положба, дека ќе одговори затоа што тоа е граѓанска должност.

битиќи неплатени сметки струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.